„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во последен момент“
„Не се плашев од други луѓе и мислам дека не чувствував страв од мажот и жената што ме киднапираа. Ми рекоа дека имаат многу играчки во автомобилот и така ме убедиле да отидам со нив“, раскажува жена од Словенија која била киднапирана, но и спасена истата вечер благодарение на граничната полиција.

За секој родител, меѓу најстресните и најстрашните искуства што може да ги доживее е да исчезне неговото дете.
Многу родители се нашле во ситуација кога за миг го изгубиле детето од поглед, но во повеќето вакви ситуации, веднаш успеваат да го лоцираат.
За жал, малите деца можат да станат и жртви на киднапирање, по што им се губи секаква трага.
Некогаш во ваквите ситуации се случуваат чуда, па децата се пронајдени и безбедно вратени кај своите родители.
Во ваква положба се нашла Тања Јелачиќ од Пиран, Словенија, која пред половина век била киднапирана од повозрасен пар.
За словенски медиум, Тања го раскажува потресното искуство, иако вели дека не се сеќава многу на инцидентот бидејќи имала само три години.
Честопати слушала за инцидентот од нејзината мајка, која оттогаш постојано стравувала за нејзината безбедност.
„Првпат бевме на одмор сами со мајка ми, беше август 1975 година, а јас немав ни три години. Бевме во Макарска, отседнувавме во хотел.
Тој ден, по ручекот отидовме на плажа каде си играв со ќерката на пријателка на мајка ми. И тие беа со нас“, раскажува Тања.
Тања вели дека иако баш не се сеќава на она што се случило, се сеќава дека дефинитивно имала многу среќа бидејќи многу киднапирани деца, воопшто не се пронајдени.
Вели дека била весело дете кое им верувало на сите.
„Не се плашев од други луѓе и мислам дека не се плашев од парот кој ме кдинапира. Ми рекоа дека имаат многу играчки во нивниот автомобил и верувам дека така ме убедиле да отидам со нив“.
Како што Тања влегла во автомобилот, тие се упатиле кон Словенија, а потоа кон Австрија.
