7 основачи на популарни брендови чиј лик скоро никој не го знае (и приказните за нивниот успех)

Во 1895-та, 36-годишниот Луиџи Лаваца купил мала пилјара во центарот на Торино. Претходните сопственици самите печеле и мешале различни видови кафе за своите редовни муштерии. Ова е почеток на основањето на светскиот бренд за кафе...

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-01.jpg

Често имаме впечаток дека модерните брендови, кои се познати скоро во цел свет, настанале во последниве децении. Но, реалноста е сосема поинаква.

Па, така, Schweppes почнал да се произведува во 18 век, а Colgate во 19-тиот.

И иако брендовите ви се познати, сигурно не знаете како изгледаат нивните изумители.

Во продолжение, погледнете кои се луѓето кои скоро никој не знае како изгледаат, но нивниот бренд им е познат на скоро сите.

Клемент Л. Хирш (Whiskas)

Младиот Клемент дознал дека сопствениците на мало куче сакале да се ослободат од него, па тој си го купил кучето, го хранел и го израснал во здраво и силно милениче.

Ова му дало интересна идеја и тој во 1936-та (на свои 22 години) ја основал компанијата Dog Town Packing Company, за производство на храна за мачки и кучиња.

Неговата компанија во 1968-ма била откупена од Mars Corporation, а храната за милениците добила нови имиња - Pedigree за кучињата и Whiskas за мачките.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-08.jpg

Јохан Џејкоб Швепс (Schweppes)

Јохан заработувал како изработувач на накит и часовници, но страст му била минералната вода.

Негов сон бил да создаде направа која ќе ја сатурира водата во јаглероден диоксид.

Со своите експерименти почнал во 1767-ма и по неколку години успеал во намерата.

Иако на почетокот „медицинската вода“, како што ја нарекол, им ја давал бесплатно на лекарите за да ги лечат сиромашните пациенти, во 1783 почнал да произведува пијалаци за продажба.

И денес Швепс се смета за пионер на газираните пијалаци.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-05.jpg

Вилијам Вригли (Wrigley’s Spearmint)

На 13 години Вилијам Вригли сам го продавал сапунот на татка си во различни делови од земјата.

Кога пристигнал во Чикаго со 32 долари, тој решил да формира своја компанија, но да не продава само сапун, туку и прашок за печиво.

За да привлече купувачи, почнал да им нуди бесплатни гуми за џвакање со вкус на нане.

Идејата се покажала толку успешна, што тој создал два свои бренда гуми за џвакање Lotta и Vassar. Брзо потоа ги создал и Juicy Froot и Wrigley’s Spearmint.

Во 1911 година Wrigley’s Spearmint станала напродаваната гума за џвакање во САД.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-07.jpg

Вилијам Колгејт (Colgate)

Вилијам ја усовршил технологијата за производство на сапун како тинејџер, кога татко му отворил бизнис за производство на сапуни и свеќи.

Иако семејниот бизнис банкротирал, тој не се откажал, туку заминал во Њујорк.

Се вработил во фабрика за сапун и како минувало времето забележувал одредени недостатоци во производствениот процес.

Кога дипломирал решил да почне свој бизнис и во 1806-та ja отворил својата компанија која го добила името Colgate-Palmolive Company.

14 години подоцна, тој станал еден од најуспешните луѓе во Њујорк.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-06.jpg

Томас Липтон (Lipton)

Таткото на Томас поседувал мала пилјара во Глазгов, а тогаш 10-годишното момче му помагало да ги дистрибиура производите до продавницата која се наоѓала на пристаништето.

Таму се вљубил во бродовите и со еден од нив заминал во Њујорк.

Се заљубил во некои од работите кои ги видел во градот, па кога после 5 години се вратил во родното место, решил да отвори своја продавница во стилот на она што го имало во Њујорк.

Продавницата работела успешно, а во 1890 година тој почнал да произведува чај, кој и денес е еден од најпопуларните во светот.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-03.jpg

Мајкл Браун (Triumph)

Во 1886 година Мајкл Браун основал компанија за долна облека заедно со Јохан Готфрид Шприцер. На почетокот имале само 6 шивачки.

Но, бизнисот се зголемувал, па во 1902 година партнерите решиле дека им треба име и се решиле за Triumph.

Денес компанијата вработува преку 30.000 луѓе, а и понатаму е во сопственост на наследниците на Мајкл и Јохан.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-02.jpg

Луиџи Лаваца (Lavazza)

Во 1895-та, 36-годишниот Луиџи купил мала пилјара во центарот на Торино.

Претходните сопственици самите печеле и мешале различни видови кафе за своите редовни муштерии.

Луиџи ја продолжил нивната традиција и го правел тоа толку умешно, што во 1910 година отворил фабрика за производство на кафе.

Брзо потоа и неговите синови се приклучиле кон бизнисот, а денес компанијата ја води четвртата генерација од семејството Лаваца.

7-osnovachi-na-popularni-brendovi-chij-lik-skoro-nikoj-ne-go-znae-i-prikaznite-za-nivniot-uspeh-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава