Науката открива што сакаат жените

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-povekjeШто сакаат жените? Тешко е да се најде одговорот дури и ако директно ја прашате секоја жена на светот посебно. Луѓето се чудни суштества и често...


...го кажуваат она што мислат дека треба да се каже и дури се убедуваат себе дека го сакаат она што мислат дека го сакаат. Затоа најдобро е да се тргне со објективен научен пристап.

Па што навистина сакаат жените? Научно е докажано дека сакаат намуртена, разиграна и облечена во црвено верзија на својот татко.

Не се шегуваме, истражувањата покажуваат дека жените бараат некој кој:

1. Не се смее

Истражувањата покажаа дека мажите најмногу ги привлекуваат среќни и насмеани жени, но дека на жените насмевката кај спротивниот пол воопшто не им е привлечна. Мажи кои изгледаат моќно, сигурно и гордо се на прво место, а по нив доаѓаат засрамените, повлечените и мистериозните.

Кога повеќе од 1000 анкетирани ја оценувале сексуалната привлечност според фотографии од луѓе со различни расположенија и држења на телото, жените биле најнезаинтересирани за насмеаните мажи.

Ова сепак не значи дека жените не сакаат ведри, среќни или духовити мажи бидејќи истражувањето се задржува на првиот впечаток, а не на карактерот на потенцијалните партнери.

И покрај јасниот резултат научниците не можат точно да објаснат зошто дури и срамот (сведната глава, поглед дефокусиран на страна) котира подобро од насмеаниот лик.

2. Личи на татко ѝ

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-1

Неколку различни истражувања дојдоа до истиот заклучок дека несвесно сите си бараме партнери кои личат на нашите родители. Луѓето со среќно детство ги привлекуваат лица слични на оние што најмногу ги гледале во најраната животна фаза.

Се разбира не станува збор за сличност видлива на прв поглед, но жените ги привлекуваат мажи слични на нивните татковци по коскената структура, обликот и цртите на лицето.

Тоа го потврдуваат и примерите со татковците и партнерите на Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу, Најџела Лосон, Кетрин Зета Џонс и Стела Макартни.

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-2

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-3

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-4

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-5


3. Танцува

Истражување во Шкотска потврди дека жените сакаат мажи кои знаат да танцуваат. Поточно, преку танцот го оценуваат здравјето, силата, издржливоста и привлечноста на еден маж!

За потребите на ова истражување со  3D камера се снимало играњето на 19 мажи чии движења потоа биле нанесени на безлични аватари. 25 девојки ја оценувале нивната привлечност, а како најатрактивни се движењата со кои Елвис ги излудуваше жените од целиот свет.

Научниците препорачуваат курсеви по танго и салса затоа што жените сакаат кратки и нагли движења на телото, но и главата.


4. Носи црвено

Научниците велат дека привлечноста на црвената боја има биолошки корени бидејќи дури и кај животните таа означува доминантност. Истражување на оваа тема откри дека црвената моќ ги привлекува жените во секој дел на светот.

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-6

Разгледувајќи ги понудените слики, девојките оценувале неколку категории како статусот, привлечноста, добрината и екстровертноста кај мажите од понудените слики, но и ја откривале желбата да се бакнат, да спијат или да имаат врска со нив.

Мажите во црвено се оценети како најпривлечни и најмоќни, и иако жените се најрасположени да спијат со нив не ги сметаат за најдружељубиви, добри или љубезни.

Резултатите се исти кај сите испитанички, жените од Европа, Америка, Азија и Африка се согласуваат дека црвената боја е боја на моќ.

5. Нежност и грубост (зависи каде живеат)

Истражување на научници од Шкотска доведе до необично откритие дека жени од развиените земји преферираат понежни мажи, а мачо-менот е најпосакуван во земји со повисок морталитет и заболувања.

Онлајн истражувањето во кое учествувале жени од целиот свет нуди по две компјутерски прилагодени слики од истото лице, разликите се скоро незабележливи но едниот лик добива помеки, женствени црти, додека другиот има машки карактеристики како покусо и пошироко лице, поизразена вилична коска или погусти веѓи.

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-7

Жените од земји со послаб здравствен индекс ги избирале лицата со машки карактеристики, додека жените од земји како Белгија, Шведска, Финска, Данска и Австрија сакаат понежни мажи.

naukata-otkriva-sto-sakaat-zenite-8

Инаку, тестостеронот е виновен за сето ова. Повеќе тестостерон значи и поголема издржливост, имунитет, снага и гаранција дека мачо-менот ќе ги заштити жената и нивното бебе од опасности.

Но, во ситуации каде нема такви закани тестостеронот значи само неверен партнер, проблематична личност и склоност кон насилство.

Врската меѓу високот ниво на машкиот хормон и проблематичните бракови, неверствата и повисоката стапка на разводи е научно докажана во низа наврати, но очигледно и без тоа жените потсвесно умеат да препознаат каков партнер им е потребен.

Би можело да ве интересира:

6 искрени детски одговори кои ќе ве насмеат (и заслужуваат медал за досетливост) Понекогаш децата кажуваат работи кои им се само ним логични. И тоа го прават тол...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Биле опседнати со гениталиите и аналниот секс - Што знаеме за народот Моче и неговите бизарни ритуал... На своите богови им принесувале човечка крв, а жртвите претходно ги мачеле. Опсе...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Малала Јусафзаи и уште 4 деца што го променија светот Во свет во кој често доминираат гласови и постапки на возрасни, инспиративно е д...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg