3 мудри совети за животот од Одри Хепберн

3-mudri-soveti-za-zivotot-od-odri-hepbern-povekjeОдри Хепберн е една од најголемите холивудски ѕвезди на сите времиња. Освен по својата глума и убавина оваа жена зрачела и со мудрост.


Ова се 3 совети зад кои стои Хепберн:

1. Вашиот надворешен изглед е рефлексија на она внатре.

За да имате убави очи, гледајте го доброто во другите; за убави усни, зборувајте само љубезно; За правилно држење, одете со мислата дека никогаш не сте сами.

Ова е одличен и вистинит цитат. Она што го чувствувате и мислите за другите луѓе се гледа во тоа каков впечаток оставате на околината. Емоциите се заразни, а луѓето за другите го формираат мислењето на многу потсвесен начин. Не е секогаш лесно да го гледате доброто во другите, да бидете љубезни, но важно е максимално да се потрудите.

2. Немојте да се грижите што мислат другите за вас.

Никогаш на себе не гледам како на икона. Што има во мислите на другите, го нема и кај мене.

Животот би бил многу поубав ако престанеме да се оптеретуваме со тоа што мислат другите за нас. Многу луѓе прават, или не прават некои работи заради туѓо одобрување. Луѓето кои не бараат одобрување од другите се исполнети затоа што го прават она што го сакаат длабоко во себе.

3. Целта не е онаква каква ви се чинеше дека е додека се стремевте да ја остварите.

Успехот е како ден после важен роденден, кога откривате дека сè останато е исто.

Често посакуваме нешто ново. Нова работа или унапредување, нова врска или можеби нов пар чевли. Кога ќе го добиеме сме воодушевени, но веќе после некое време можеби нешто ќе тргне наопаку, ќе се појават нови проблеми, желби и слично. Животот ни тогаш нема да ви се чини целосен.

Наместо да сте оптоварени со она што сакате да бидете, бидете благодарни за она што го имате и потрудете се да бидете позитивни додека работите на остварување на целите.

Не е важна само целта, туку и патот кон неа.

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
12 рендгенски снимки што ќе ви откријат друга страна на светот околу нас Сте виделе ли како изгледа рендгенска снимка од стапала на бебе или од бремен пи...

Најчитани неделава