9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации
Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го купите? А, дали сте имале ситуација кога мал комплимент од продавач ви го разубавил денот?

Кога одите во шопинг често се наоѓате во ситуација да поразговарате со продавачот. Некогаш тоа се сведува на „Здраво, благодарам за помошта, довидување“, но понекогаш тоа може да се претвори во поголема комуникација која може да биде дури и несоодветна.
Дали ви се случило продавачи да ве убедуваат дека малата или голема облека ви стои одлично само за да ја купите? Или да ви кажат дека нешто е скапо и „сигурно не можете да си го дозволите“?
Но, сигурно ви се случило и со еден убав коментар да ви го разубават денот.
Ситуациите се различни, а во продолжение се 9 (непријатни) моменти во кои може да се најдете кога сте во шопинг.
Понекогаш продавачот се обидува да ве прелаже во обид да ви продаде нешто, но искусниот купувач не е лековерен

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ваква ситуација

Одлично е кога продавачите се подготвени да ја разберат вашата ситуација и да ве поддржат дури и за ситница

За жал, не се сите продавачи подготвени да признаат дека згрешиле

Непишано правило е дека арогантниот продавач брзо ќе „се изгуби“ ако му одговорите со доза на иронија и во истата мера (но со насмевка)

Понекогаш откако продавачот ќе ви понуди „само да го пробате“, можете да се најдете во малку незгодна ситуација

Советот на продавачот не е секогаш точен - личниот вкус е исто така многу важен

Дали некогаш сте се сретнале со продавач кој се обидува да ве облече како и сите останати?

Понекогаш желбата на продавачот да помогне (или продаде) е толку голема, што целосно заборава на личните граници

А. Ј. | Црнобело
