10 работи за кои зрела личност нема потреба да се извинува, низ илустрации
„Како немаш свој стан на 35 години?“ „Ќе раѓаш бебе на 40? Што си мислиш?“ - ова се само дел од коментарите кои сте ги слушнале лично вие или некој близок.

Дали кога ќе ги слушнете овие фрази ве вознемируваат? Ве „тераат“ да се објаснувате, да се карате?
Запомнете, со зрелоста доаѓа и мудроста, па кога ќе се најдете во некоја ваква ситуација, не треба да се извинувате за својот избор, зашто никој не смее да ви суди.
Вашиот живот е само ваш.
Во продолжение 10 непријатни ситуации и како (треба) да реагира зрелата личност:
Не треба да ги споредувате приоритетите или постигнувањата со другите. Секој има своја визија за животот.

Секоја жена сама одлучува кога е време да стане мајка и не треба да дава објаснувања за тоа, дури ни на лекарите.

Некои жени се чувствуваат совршено во големина XL, додека други се чувствуваат исполнето со XS. Ниту една од нив не заслужува да биде осудувана.

Вкусовите се менуваат и не е секогаш лесно да се најде својот пат низ кулинарскиот свет. Но, зошто треба да се критикува што има во туѓата чинија?

Родителите имаат право да бидат уморни и расеани, но и да не се грижат за секоја ситница во животот на нивните деца. А и не мора да ве допира што мислат луѓето од кои не сте побарале совет или мислење.

Финансиската динамика може да варира од пар до пар. Некои луѓе се чувствуваат удобно да го платат само својот дел, додека други сакаат да плаќаат и за групи од 10 луѓе.

Начинот на кој детето доаѓа во семејството на ниту еден начин не одредува колку жената е мајка. Нејзината љубов и посветеност на детето се исти - бесценети!

Нормално е да не знаете или да се плашите да направите нешто. Многу е полошо да ги наметнувате вашите стравови и фрустрации на другите.

Зошто возрасните треба да се правдаат ако ја делегираат работата за која немаат време, или немаат желба да ја работат?

Ако лекарите ви кажат дека сè е нормално, зошто да се грижите за брзината на развојот на детето и да се обидете некако да го оправдате тоа?

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници
„Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат
Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија...
Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела...
„Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе
Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ...
Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
