8 работи кои ќе ги разберат луѓето кои станале блиски со родители како повозрасни
Додека го градиш новиот однос со родителите како возрасен, може да почувствуваш тага и како да си „пропуштил“ делови од детството бидејќи сте се расправале или сте биле емотивно далечни. Но истовремено, разбираш дека минатото е дел од вашата приказна.
Односот што го имаме со своите родители е еден од најзначајните и највлијателните односи во нашиот живот.
Ако сме израснале во здрава и стабилна семејна средина, тогаш чувствуваме сигурност и во другите односи.
Но, ако во детството ни било тешко да најдеме заеднички јазик со родителите, тогаш тоа може да се одрази врз нашите идни односи — вклучително и односот што го имаме со самите себе.
За среќа, работите можат да се променат, а со родителите да се зближиме како растеме.
Работи кои ќе ги разберат луѓето кои станале блиски со родители како повозрасни:
Понекогаш посакуваш да сте се разбирале подобро кога си бил помал/а
Додека го градиш новиот однос со родителите како возрасен, може да почувствуваш тага и како да си „пропуштил“ делови од детството бидејќи сте се расправале или сте биле емотивно далечни.
Но истовремено, разбираш дека минатото е дел од вашата приказна и го направило односот каков што е денес. Благодарен си што сè уште имаш време да создаваш нови спомени со нив.
Откриваш дека имате повеќе заеднички работи отколку што си мислел
Сега, кога можете да правите „возрасни“ работи заедно — како на пример да испиете чаша вино во бар — водите и подлабоки разговори, и сфаќаш дека сте многу послични отколку што си знаел/а.
И откриваш дека и тие некогаш биле изгубени, несигурни дваесет и нешто годишни луѓе без јасна насока. Но, тие го нашле својот пат — а тоа ти дава надеж дека и ти ќе го најдеш.
Им простуваш. Си простуваш и на себе
Како што си созреал/а, сега разбираш дека родителите се труделе да те воспитуваат најдобро што знаеле. Имале свои болки, трауми и искуства што влијаеле врз начинот на кој те воспитувале.
Им простуваш за сѐ што те повредило, бидејќи знаеш дека не било со лоша намера.
Во исто време, си простуваш и себеси. Знаеш дека си бил тешка и понекогаш бунтовна личност, особено во тинејџерските години.
Ја гледаш нивната човечност — и ги сакаш уште повеќе поради тоа
Разбираш дека само несовршени луѓе постојат на овој свет — и токму тие мали мани и чудности на крајот се убавите работи. Тоа се оние нешта што нè прават такви какви што сме.
Сфаќаш колку всушност биле млади кога те имале
Како што се приближуваш до возраста на која тие те добиле (или можеби веќе си ја поминал), сфаќаш колку всушност биле млади.
И тие имале потреба од растење, истовремено грижeјќи се за своите деца. Стресот кој тоа го предизвикало сигурно не бил мал — и ги цениш за сето тоа што го направиле.
Им даваш совети
Во една неочекувана пресвртница, сега ти си тој што дава совети, а не обратно. И тие навистина те слушаат, размислуваат за тоа што им го велиш, па дури и следат некои од твоите совети.
Прво ти изгледа чудно додека се навикнуваш на новата динамика, но чувствуваш и чест што те сфаќаат сериозно и го почитуваат твоето мислење.
Почнуваш да ги препознаваш во себе како возрасен
Често луѓето се жалат дека „се претвораат во своите родители“ со текот на времето, но ти го доживуваш тоа како чест.
Горд си што го носиш мајчиниот горделив дух, татковата работна етика и нивната заедничка смисла за хумор.
Не ги сакаш затоа што „мораш“ — туку затоа што сакаш и ги сакаш такви какви што се
Додека си растел, сигурно си ги сакал своите родители — но љубовта што ја чувствуваш сега е поинаква.
Како што градиш свој живот надвор од домот каде што си пораснал, како што се издржуваш сам и се развиваш во кариерата, повеќе не ти се потребни на истиот начин како порано.
И токму затоа љубовта што ја чувствуваш сега е послободна, подлабока — и искрено твоја.
С. С. | Црнобело / фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:





