Најстарите парчиња облека и модни додатоци кои се најдени досега

Чанта која е украсена со заби од животни и е направена пред 4.500 години, очила за сонце од пред 2.000 години…

najstarite-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-se-najdeni-dosega-01.jpg

Експертите проценуваат дека нашите предци почнале да носат облека пред барем 83.000 години.

Најстарите текстилни влакна кои се најдени се проценува дека се стари околу 34.000 години, додека најстарото парче облека кое е најдено е направено пред околу 5.000 години.

Бидејќи предците користеле само природни материјали, јасно е дека најголем дел од древната облека е уништена.

Но, секогаш постои можност археолозите да најдат и уште многу, многу постари парчиња.

Дотогаш, погледнете кои се најстарите парчиња и модни додатоци најдени од археолозите:

Најстарите панталони

Најстарите панталони кои се најдени досега се направени пред околу 3.000 години.

Најдени се во гробница во Кина, а се во добра состојба поради условите каде што се наоѓа гробницата – место каде што е топло и речиси да не врне дожд во текот на годината.

najstarite-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-se-najdeni-dosega-02.JPG

Најстарите чорапи

Најстарите чорапи кои се пронајдени досега се стари околу 1.600 години.

Пронајдени се во централен Египет, направени се од волна и нивната црвена боја е мошне добро зачувана.

Се претпоставува дека биле наменети за носење и со сандали, па затоа имаат и необичен простор напред.

najstarite-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-se-najdeni-dosega-03.JPG

Најстариот фустан

Најстариот фустан, кој се смета и за најстарото парче облека кое е пронајдено воопшто, е најден во гробница во близина на Каиро.

Фустанот е направен од лен и се претпоставува дека потекнува од првата египетска династија, односно од пред 5.000 години.

najstarite-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-se-najdeni-dosega-04.JPG

Најстарите обувки

Во 1930-тите, во САД, археолозите ги пронашле веројатно најстарите обувки кои се најдени досега.

Се претпоставува дека се направени пред околу 9.000 години и се во мошне добра состојба.

najstarite-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-se-najdeni-dosega-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg