Ги користат само милијардери, плаќаат и до 2 милиони евра годишно: Како изгледаат најдобро обезбедените сефови во светот?

Во Лондон се наоѓа еден од најдобро обезбедените трезори во светот до кој пристап имаат само милијардери. Но, пред да добијат дозвола да користат сеф во трезорот, минуваат низ детална проверка и можат да бидат одбиени, без разлика колку се богати или моќни.

go-koristat-samo-milijarderi-plakjaat-i-do-2-milioni-evra-godishno-kako-izgleda-najdobro-obezbedeniot-sef-vo-svetot-01.jpg

Ние, „обичните смртници“ кои сме мнозинство во светот, веројатно никогаш во животот нема да имаме потреба да изнајмиме сеф.

Но, ова не важи за богатите и моќни луѓе кои често изнајмуваат сефови за нивните вредни предмети, некогаш и важни и тајни документи.

Има многу трезори низ светот, но за трезорот на IBV International Vaults во Лондон се вели дека е „најексклузивен, најприватен и најдобро обезбеден“.

go-koristat-samo-milijarderi-plakjaat-i-do-2-milioni-evra-godishno-kako-izgleda-najdobro-obezbedeniot-sef-vo-svetot-07.JPG

Секако, има и други трезори со врвно обезбедување, како Форт Нокс во САД, но овие обично се користат за државни резерви на злато или нешто слично, а не за приватни предмети.

Трезорот во Лондон е сместен во зграда во централниот дел на градот која е во сопственост на богаташ од Јужна Африка.

go-koristat-samo-milijarderi-plakjaat-i-do-2-milioni-evra-godishno-kako-izgleda-najdobro-obezbedeniot-sef-vo-svetot-10.JPG

Откако ја купил зградата во 2017 година, ја реновирал и ја претворил во непробојна тврдина.

Ѕидовите и таваните на зградата се зајакнати со челик и невозоможно е да се оштетат со дупчење или што било слично.

Од местото каде што се наоѓаат сефовите бил отстранет и целиот систем за вентилација.

go-koristat-samo-milijarderi-plakjaat-i-do-2-milioni-evra-godishno-kako-izgleda-najdobro-obezbedeniot-sef-vo-svetot-09.JPG

Пред клиентите да добија пристап до нивниот сеф, нивниот идентитет се потврдува со скенирање на окото и отпечаток од прст.

Кога ќе ја поминат првата проверка, влегуваат низ огромна челична врата, во просторија дополнително зајакната со бетон.

go-koristat-samo-milijarderi-plakjaat-i-do-2-milioni-evra-godishno-kako-izgleda-najdobro-obezbedeniot-sef-vo-svetot-05.JPG

Во оваа просторија има и контролна соба која е заштитена со непробојно стакло кое може да издржи и стрелање со автоматско оружје.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...

Најчитани неделава