Пропаднат кров, срушен балкон: Градежни грешки кои резултирале со трагедии

Срушен кров на саемска хала во Полска бил причина за 65 смртни случаи, додека поради срушен балкон во Чикаго, имаат загинато 13 лица – за жал, трагедијата во дискотеката во Доминиканска Република не е единствената од овој вид.

propadnat-krov-srushen-balkon-gradezhni-greshki-koi-rezultirale-so-tragedii-01.jpg

Трагедијата во дискотеката во Доминиканска Република резултираше со најмалку 184 жртви и стотина повредени.

Откако во дискотеката во Санто Доминго се сруши покривот, стотици гости беа затрупани, а и покрај напорните обиди на спасувачите, голем дел од нив или загинале на самото место, или подоцна им подлегнале на повредите.

Надлежните велат дека бројот на жртви најверојатно ќе биде и поголем.

Уште потажно е што ова не е единствена ваква трагедија – низ годините имало бројни слични инциденти во дискотеки, но и главно на места со многу луѓе, како саеми и хотели.

Дел од нив во продолжение:

Срушен кров во саемска хала во Полска

Во јануари 2006 година, во саемската хала на полскиот град Катовице се одржувал саем и внатре имало околу 700 луѓе.

Околу 16 часот, кровот на халата се срушил, најверојатно поради тежината од снегот.

Додека траело спасувањето, околу 90 минути подоцна, кровот дополнително се срушил, предизвикувајќи уште поголема штета и уште повеќе жртви.

Загинале 65 лица, додека повеќе од 170 биле повредени.

propadnat-krov-srushen-balkon-gradezhni-greshki-koi-rezultirale-so-tragedii-02.JPG

Таа зима, Полска се соочувала со многу студена зима и обилни врнежи од снег, па преживеаните биле изложени и на екстремно ниски температури додека да бидат спасени.

Неколку лица добиле затворска казна за инцидентот, вклучувајќи го архитектот кој го нацртал планот за изградба на саемската хала и две од одговорните лица за менаџирање на изградбата и објектот.

propadnat-krov-srushen-balkon-gradezhni-greshki-koi-rezultirale-so-tragedii-03.JPG

Срушена галерија во хотел во Канзас Сити

Во јули 1981 година, во хотелот Hyatt Regency во Канзас Сити се срушила галерија која служела како внатрешен мост за премин.

Галеријата се наоѓала веднаш над хотелското лоби, кое во тој миг било полно бидејќи се одржувала забава.

Во несреќата загинале 114 лица, додека 216 биле повредени.

propadnat-krov-srushen-balkon-gradezhni-greshki-koi-rezultirale-so-tragedii-04.JPG

Хотелот бил изграден само неколку години претходно, а проблем имало и при самата изградба.

Кровот делумно се срушил пред хотелот да биде завршен, а галеријата била лошо изработена и никој не ја проверувал нејзината стабилност.

По инцидентот биле поведени обвиненија против градежната фирма која работела на хотелот, како и сопственикот.

Но, на крај никој не завршил во затвор, без разлика што ова е меѓу најсмртоносните инциденти од ваков тип во САД.

propadnat-krov-srushen-balkon-gradezhni-greshki-koi-rezultirale-so-tragedii-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg