Уби актерка, ѝ се заканувал на Шер со пиштол: Мрачната страна на озлогласениот музички продуцент Фил Спектор

Неговата бивша сопруга има откриено дека продуцентот ја држел затворена во нивниот дом. За да не избега, околу дворот имал ставено бодликава жица, како и кучиња чувари.

Со помош на мајка ѝ, поранешната сопруга успеала да избега од куќата, боса, и подоцна поднела барање за развод.

ubi-akterka-se-zakanuval-na-sher-so-pishtol-mrachnata-strana-na-ozloglaseniot-muzichki-producent-fil-spektor-3.JPG

Продуцентот самиот имаше откриено дека е дијагностициран со биполарно растројство и дека страда од тешка депресија.

Кога во 1974 година доживеа опасна сообраќајка и се стекна со повреди на главата, неговата ментална состојба, а со тоа и однесувањето, само се влошиле.

Почнал да користи и многу алкохол и наркотици и неговото неконтролирано и лошо однесување кулминира во 2003 година, со убиството на актерката Лана Кларксон.

ubi-akterka-se-zakanuval-na-sher-so-pishtol-mrachnata-strana-na-ozloglaseniot-muzichki-producent-fil-spektor-7.JPG

Лана, кој работеше и како модел, утрото на 3-ти февруари 2003 година отишла во домот на Фил. Претходната вечер продуцентот бил во локал каде што работела и Лана и според очевидците, испил многу алкохол.

До домот на продуцентот стигнале со автомобил и откако влегле внатре, возачот ги чекал во дворот.

Но, Лана воопшто не излегла од куќата, туку истото утро била пронајдена мртва. Била седната на стол, а имала прострелна рана во устата.

ubi-akterka-se-zakanuval-na-sher-so-pishtol-mrachnata-strana-na-ozloglaseniot-muzichki-producent-fil-spektor-05.JPG

Според сведоштвото на возачот, продуцентот панично излегол од куќата држејќи пиштол и му рекол дека мислел дека убил некого.

Продуцентот бил уапсен и истрагата покажала дека дотогаш им се имал заканувало со пиштол на најмалку четири жени.

Во секоја ситуација бил пијан и ѝ се додворувал на жената, а се разгневувал кога бил одбиван.

Инцидентите се случувале во неговиот дом и Фил им се заканувал на жените кога пробувале да си заминат од кај него.

ubi-akterka-se-zakanuval-na-sher-so-pishtol-mrachnata-strana-na-ozloglaseniot-muzichki-producent-fil-spektor-06.JPG

Сепак, продуцентот платил кауција од 1 милион долари и бил на слобода до почетокот на судењето во 2007 година.

Додека траело судењето, тој трипати го сменил адвокатскиот тим, а наводно пробувал и да скрие докази. До последно тврдел дека е невин, односно дека актерката самата се застрелала.

Во 2009 година беше прогласен за виновен и доби 19-годишна затворска казна. Продуцентот почина во 2021 година зад решетки, откако се заразил со ковид.

ubi-akterka-se-zakanuval-na-sher-so-pishtol-mrachnata-strana-na-ozloglaseniot-muzichki-producent-fil-spektor-1.JPG

По неговата смрт, се огласи ќерка му која изјави дека му верувала. Во интервју за документарец за случајот, таа вели дека татко ѝ бил „лесна мета за обвинителите“ и дека од доказите било јасно дека ја зборувал вистината.

Таа смета дека воопшто немало доволно докази за вината на татко ѝ – на пиштолот немало негови отпечатоци, ниту остатоци од ДНК. Истовремено, на рацете на Фил немало остатоци од барут кои настануваат по стрелање со огнено оружје.

Сепак, надлежните се категорични дека продуцентот е виновен.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg