Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир

Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатно, дури и откако ќе ѝ го укажете тоа, слободно станете и заминете си без објаснување, без разлика дали е тоа пријател, познаник или член на семејството.

zaminete-si-srede-razgovor-sebichni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zachuvate-vashiot-mir01.jpg

Сите зборуваме за тоа колку е важно да си го зачуваме личниот мир, но ова не е секогаш лесно изводливо.

Некогаш хармонијата во животот ни е нарушена од луѓе кои ни се блиски, па чувствуваме должност да ги трпиме, колку лошо и да ни влијаат.

Сепак, кога сте свесни дека некоја личност ви штети, треба да бидете и неучтиви ако тоа е потребно за да си го заштите вашиот мир.

Па, како да бидете малку себични и да си го заштитите мирот?

Престанете први да ги барате другите

Колку пати први сте контактирале некого за да бидете пречекани со тишина? Или колку пати ве побарале луѓето кои обично вие ги барате први?

Ваквите ситуации сигурно прават да се чувствувате неубаво.

Ако на некој му е тешко да ви врати на повик или порака или прв да иницира средба, тогаш можеби и вреди да биде во вашиот живот.

Престанете да споделувате многу лични работи, дури и со најблиските

Сите имаме по една личност во животот на која ѝ кажуваме скоро сè и која е свесна за секој предизвик со којшто сме се соочиле. И, доволно ви е само една ваква личност во животот.

Не мора да им кажувате на сите со што се соочувате, што ве измачува, што планирате…

На повеќето луѓе или не им е грижа, или ќе ја изневерат вашата доверба, или ќе пробаат да ги искористат вашите слабости против вас.

zaminete-si-srede-razgovor-sebichni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zachuvate-vashiot-mir-02.jpg

Заминете си среде разговор

Ако разговарате со неразумна личност која прави да се чувствувате непријатно, и откако ќе ѝ ги укажете тоа, тогаш слободно станете и заминете си.

Дури и ако ова е блиска личност, вие не сте должни да трпите нечие понижување, омаловажување, навредување или што било слично.

Бидете искрени

Сите имаме навика да кажуваме мали, „бели“ лаги со цел да ги заштитиме другите. Но, кога некој ќе претера или ви го нарушува мирот, не мора да лажете за да го заштитите.

Бидете искрени и кажете што ви пречи. Секако, направете го ова со доза почитување и не почнувајте конфликти, туку само заштитите се.

zaminete-si-srede-razgovor-sebichni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zachuvate-vashiot-mir03.jpg

Блокирајте луѓе на социјалните мрежи

Слободно блокирајте ги луѓето кои ви го нарушуваат мирот, без разлика дали ви се познаници, пријатели, па и членови на семејството.

Ако некој ви остава лоши коментари, ги критикува вашите објави и генерално ве вознемирува на социјалните мрежи, не двоумите се дали да го блокирате.

Бидете малку егоистични

Ако имате навика да им удоволувате на буквално сите, тогаш време е да бидете малку егоистични и себични.

Ставете се на прво место и престанете да правите жртви за другите, најмалку за луѓе на кои не им е грижа за вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg