Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто кризата на идентитетот „удира“ силно по 40-тата (и како да се справите со промените)?

Кризата на идентитетот многумина ја нарекуваат и криза на средните години - време кога почнуваат да се појавуваат бројни стравови, го менувате погледот на животот, се менувате вие. Дали ви звучи познато?

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-01.jpg

Ако наполнивте 40+ години, веројатноста дека се наоѓате на животна крстосница е многу голема - работите почнуваат да се менуваат, вие сè почесто размислувате за работите што биле (и што можеле да бидат, а сте ги пропуштиле), и тоа може да доведе до криза на идентитетот.

Одеднаш сфаќате дека ја немате истата самодоверба како порано, се плашите дека нема да ги исполните тужите очекувања, почнуваат да ве плашат некои егзистенционални прашања.

И сето тоа само затоа што бројката од 40 наполнети години почнува да ве плаши.

Сте се запрашале ли некогаш зошто кризата на идентитетот „удира“ толку силно по 40-тата година и што можете да направите за да се справите со промените што се (скоро) неизбежни?

Запомнете - нема потреба од паника бидејќи, кризата на идентитетот (или како што некои ја нарекуваат - криза на средните години) не им се случува на сите.

Кои 8 работи се најочигледниот показател дека минувате низ ваква криза на идентитетот?

Збунети сте во однос на кариерата

Кога имате 40 години, многу е веројатно зад себе да имате долга кариера во одредено поле.

А кариерата може да е толку долга што ќе почнете да се прашувате дали навистина припаѓате таму или животот ви поминал работејќи нешто што не го сакате?

Поради ова може да посакате да ја смените работата, а блиските да ве обвинат дека тоа го правите поради кризата на средни години.

Но, верувајте, ако се решите за ваков чекор, стравот може да е голем, но големо ќе е и задоволството ако успеете во намерата.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-06.jpg

Ве плашат физичките промени на телото

Кога ќе наполните 40 години почнува да ви се менува и телото. Метаболизмот почнува да работи побавно, лесно се дебелеете, брчките стануваат поизразени, кожата свиснува.

Секогаш кога ќе се погледнете во огледало си го анализирате телото, и незадоволни од промените, почнувате да губите самодоверба.

Но, гледајте на позитивната страна - стареењето не можете да го запрете, но можете да го забавите - вежбајте, пешачете, одржувајте го тонусот на мускулите, користете дневни и ноќни креми и серуми со кои кожата ќе ви биде хидрирана, а тенот свеж.

Промените не значи дека се лоши, само треба да ги прифатете со отворен ум, наместо да паднете психички и да се сожалувате.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-09.jpg

Се менува социјалната динамика

По 40-тата година се менуваат и пријателствата. Иако верувате дека се цврсти и ќе траат засекогаш, во реалноста многу од нив ќе престанат да постојат, сè помалку ќе имате време едни за други.

Почнувате да се прашувате и дали биле вистински или личностите со кои веќе скоро и да не комуницирате, само сакале да ве искористат.

Оваа емотивна криза може да е силна и да трае долго, особено ако тоа се луѓето на кои сте се потпирале и сте ги чувале на пиедестал.

Но, ова е време и кога треба да се фокусирате на квалитетните пријателства, оние кои ќе ве исполнуваат, на луѓето со кои ќе ви е пријатно и со кои ќе водите длабоки разговори.

Оставете ги зад себе површните пријателства, а тоа, можеби токму на овие години, ќе ви помогне да запознаете нови луѓе.

Предизвик е да ја надминете тагата и кризата по прекинувањето на некогашните пријателства, но подобро е да ги оставите зад себе луѓето кои веќе не се добри за вас и да направите место за нови луѓе.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-05.jpg

Се преиспитувате во однос на бракот или долгата врска

По 40-тата година често се менува и односот со брачниот партнер или саканата личност со која сте долго во врска.

Многу работи се претвораат во рутина, дури и сексот не е толку чест или возбудлив како порано, се ладите еден од друг.

Ова е и период, кога во потрага по возбуда и мажите и жените се решаваат на неверство, бараат нешто ново и поинакво, а тоа влијае на односот со партнерот.

Оваа фаза може да „ве разбуди“ и да ви помогне да го подобрите односот со партнерот, или да решите да се разделите доколку веќе не постои љубовта или почитта и комуникацијата.

Какви чувства и да имате во однос на партнерот, бидете доблесни и разговарајте отворено на таа тема со неа/него.

zoshto-krizata-na-identitetot-udira-silno-po-40-tata-i-kako-da-se-spravite-so-promenite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои сами си го разубавија домот и не можат да престанат да се фалат (фото) „Имав заштедено 400 евра и два слободни викенда, па решив да ја преуредам кујнат...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg