7 работи кои треба да ги фрлите ако имате над 50 години – сигурно нема да ви притребаат
Старите касети можете да ги дигитализирате, додека облеката од пред 30 години која е излитена, сигурно нема да ја облечете и слободно фрлете ја.
Ако сте како повеќето, со секоја измината година, во домот акумулирате сè повеќе и повеќе работи.
Некои предмети можеби ги чувате бидејќи имаат сентиментална вредност, некои бидејќи мислите дека ќе ви се најдат, а веројатно има и многу работи кои не ни знаете дека ги имате дома.
Но, кога ќе стигнете одредена возраст, како 50, чувањето безброј предмети може да биде и исцрпувачко, особено кога доаѓа ред за чистење.
Седум работи кои слободно можете да ги фрлите ако веќе сте во 50-тите години од животот:
Албуми со фотографии кои собираат прашина
Штом сте од постарите генерации, веруваме дека дома имате албуми со фотографии кои ви значат. Но, факт е дека албумите зафаќаат многу простор.
Со денешната технологија, лесно можете да ги скенирате овие фотографии и да си ги чувате во дигитална форма.
Постојат бесплатни апликации за скенирање, можете да ги однесете во некое фото студио или, пак, замолете некој помлад член од семејството да ви помогне да ги дигитализирате.
Стари садови, тенџериња и слично
Ако имате навика да чувате кутии од сладоледи и други слични амбалажи за храна, сега дома сигурно имате 50-тина. А, реално, толку многу сигурно не ви требаат.
Веројатно имате и тави и тенџериња од пред 20 години кои се неупотребливи.
Сето ова се работи што само ви зафаќаат простор и нема потреба да ги чувате.
Електрични апарати кои не сте ги допреле
Апарати за кафе, миксери, блендери – штом поминале неколку години откако сте употребиле некој апарат, нема потреба да го чувате. Доколку е нешто функционално, можете да го подарите на личност што ќе го користи.
Апаратите кои се расипани или им фалат делови, а за кои лажно се убедувате дека ќе ги поправите, можете да ги фрлите.
Стара облека
Точно е дека модата се враќа и во ред е да ги чувате парчињата кои се квалитетни и добро сочувани.
Но, облека која е излитена или која знаете дека никогаш нема да ја облечете, дали поради променетиот стил или поради тоа што не ви е точна, нема потреба да ви зафаќа простор во гардероберот.
ЦД-а и касети
Ерата на касетите и ЦД-ата одамна помина, а сега е тешко да се најдат и уреди на кои можете да ги користите.
Доколку станува збор за снимки кои ви се важни, тогаш можете да ги дигитализирате во некое фото студио и да го ослободите просторот.
Предмети во подрумот што не ги користите
Без разлика дали е мебел, облека или што било друго, работите кои ги трупате во подрумот и гаражата, па дури и сте ги заборавиле, сигурно не ви требаат.
Она што е исправно и употребливо можете да го подарите, а сè останато фрлете.
Работи што ги чувате „за секој случај“
Стари крпи кои мислите дека ќе ви се најдат за чистење, стари чаршафи кои мислите дека некогаш ќе ви притребаат, стари килими…
Освен ако не сте сигурни дека навистина ќе искористите нешто, најдобро ослободете се од нив.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





