5 работи во домот што влијаат на расположението и ве прават несреќни

Чувате стари работи кои ве потсетуваат на лоши спомени, но имате и празни ѕидови кои прават домот да делува „студено“ и „стерилно“.

5-raboti-vo-domot-shto-vlijaat-na-raspolozhenieto-i-ve-pravat-nesrekjni-01.jpg

Домот е местото каде што минуваме најголем дел од времето, па важно е таму да се чувствуваме пријатно.

Секако, не секој може да си дозволи раскошен дом од соништата каде што сигурно ќе се чувствува среќно, но доволни се мали промени за да го направите домот попријатно место.

Односно, треба само да се ослободите од некои работи за кои можеби не сте ни свесни дека лошо ви влијаат на расположението.

Пет вакви работи во продолжение:

Стари и неупотребливи работи

Хаосот во домот може да има огромно влијание врз вашето расположение, па пробајте да расчистите.

Предметите што не ви требаат, што се расипани и неупотребливи и што со години ги чувате „за секој случај“ не треба да ви зафаќаат простор.

Препорачливо е да се ослободите и од предмети кои можеби ве потсетуваат на лоши спомени и со тоа влијаат негативно врз вашето расположение.

5-raboti-vo-domot-shto-vlijaat-na-raspolozhenieto-i-ve-pravat-nesrekjni-02.jpg

Празни ѕидови

Кога просторијата е премногу празна, делува „стерилно“ и може негативно да се одрази на расположението. Доколку ѕидовите ви се празни и бели, целиот дом може да ви делува многу студено.

Па, закачете нешто на нив – уметнички дела, фотографии од убави моменти, ваши ремек-дела… Што било што ќе ви го разубави просторот и ќе направи да се чувствувате како вистински да сте дома.

5-raboti-vo-domot-shto-vlijaat-na-raspolozhenieto-i-ve-pravat-nesrekjni-03.jpg

Непријатни мириси

Дури и мирисите имаат влијание врз нашето расположение, а факт е дека никој не се чувствува пријатно кога има некаков лош мирис.

Ако забележувате непријатен мирис во домот, лоцирајте го изворот и отстранете го. Исто така, редовно проветрувајте и набавете мирисливи свеќи, етерични масла и слично што ќе направат пријатна атмосфера.

5-raboti-vo-domot-shto-vlijaat-na-raspolozhenieto-i-ve-pravat-nesrekjni-04.jpg

Неред и ѓубре

Не дозволувајте домот да ви биде расфрлан бидејќи ова докажано негативно се одразува врз расположението.

Здиплете ја облеката и ставете ја во гардероберот, измијте ги садовите, соберете ги предметите кои се расфрлани по масите и не ја оставајте корпата за отпадоци преполнета.

5-raboti-vo-domot-shto-vlijaat-na-raspolozhenieto-i-ve-pravat-nesrekjni-05.jpg

Многу истрошен мебел

Многу истрошениот мебел кој веќе не ни изгледа убаво исто така негативно влијае врз расположението.

Доколку не сте во можност да реновирате и да го замените мебелот, пробајте да го средите тој што го имате.

На пример, за оштетената гарнитура во дневната можете да купите убави прекривки. Или, некои дрвени парчиња мебел можете да ги префарбате.

5-raboti-vo-domot-shto-vlijaat-na-raspolozhenieto-i-ve-pravat-nesrekjni-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
5 можни причини зошто домот ви е во хаос, а не се мрзеливост Имате депресија или можеби минувате низ голема животна промена – ако хаосот во д...

Најчитани неделава