Изгладнување, мачење со денови: Како изгледа животот во озлогласениот затвор Гвантанамо?

Според некои сведоштва, затворениците во затворот познат како Гвантанамо Беј се соочуваат со ужасни услови и често измачување. Американскиот затвор лоциран во Куба честопати е критикуван од јавноста, па двајца поранешни претседатели ветија дека ќе го затворат, но тој уште е во функција.

izgladnuvanje-machenje-so-denovi-kako-izgleda-zhivotot-vo-ozloglaseniot-voen-zatvor-gvantanamo-01.jpg

На заливот Гвантанамо во Куба се наоѓа еден од најозлогласените затвори во светот.

Поради локацијата, затворот со максимално обезбедување е познат како „Гвантанамо Беј“ или само „Гвантанамо“, а е во сопственост на САД.

Отворен е во 2002 година, по наредба на тогашниот американски претседател Џорџ Буш, со цел овде да се затвораат лицата осомничени за тероризам.

До 2025-та, овде престојувале околу 780 затвореници од 48 земји во светот. Повеќето од нив биле испратени во други затвори, околу 9 починале во самиот затвор, а моментално внатре се затворени 15 лица.

Во Гвантанамо Беј нема нови затвореници од 2008 година и моментално притворени се најмалку луѓе од неговото отворање.

izgladnuvanje-machenje-so-denovi-kako-izgleda-zhivotot-vo-ozloglaseniot-voen-zatvor-gvantanamo-02.JPG

Што точно се случува во затворот, никој не знае, но уште од неговото отворање, се шират морничави гласини за третманот што го добиваат затворениците.

Поради лошата репутација, и Барак Обама и Џо Бајден ветуваа дека затворот ќе престане со работа. Ова не се сучи, а во вториот мандат, Доналд Трамп изјави дека можеби ќе почне да испраќа нови затвореници таму, поради што се соочи со критики.

Потоа отвори камп во склоп на базата во Гвантанамо каде што моментално ги испраќа „мигрантите со висок ризик“ од САД. Овие мигранти се во посебен центар, а не во затворот, но Трамп сепак е критикуван и за ова.

izgladnuvanje-machenje-so-denovi-kako-izgleda-zhivotot-vo-ozloglaseniot-voen-zatvor-gvantanamo-07.JPG

Што се шпекулира за третманот на затворениците во озлогласениот затвор?

Не се користат имиња, туку броеви

Чуварите во затворот не им се обраќаат на затворениците по нивните имиња, туку по броеви. Ова било поизразено во првите години од работењето на затворот, кога имињата на затворениците главно биле класифицирани.

Па, со цел да не се дознае кој е затворен внатре, никако не се користеле нивните имиња.

Исто така, на овој начин се создава психолошки притисок на затворениците и придонесува во таканареченото губење на нивниот идентитет.

izgladnuvanje-machenje-so-denovi-kako-izgleda-zhivotot-vo-ozloglaseniot-voen-zatvor-gvantanamo-08.JPG

Казнување со изгладнување и понижување

Според некои сведоштва, новите и непослушните затвореници биле затворани во посебен блок за изолација. Овде не им давале храна, туку само апчиња со витамини и слично за да ги одржуваат во живот.

Наводно, келиите биле или многу студени, или многу топли, а некогаш ги казнувале со пуштање многу гласна музика и разни видови на понижување, вклучувајќи и сексуални напади.

izgladnuvanje-machenje-so-denovi-kako-izgleda-zhivotot-vo-ozloglaseniot-voen-zatvor-gvantanamo-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg