Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 бонтон правила кои веќе не мора да ги следите – делуваат застарено

Во ред е да ги ставите лактите на масата штом сите завршиле со јадење и не мора мажот да ја плати сметката на романтичен состанок ако сакате да ја поделите.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno-01.jpg

Како што се менува општеството, се менуваат и нашите навики, нашето однесување…

Па, некои бонтон правила, од денешен аспект може да ни делуваат застарено и излишно.

Ова се правила кои веќе немаат некое значење, па постепено се исфрлаат од употреба, односно во ред е и ако ги прекршите.

Кои бонтон правила веќе делуваат застарено?

Мора да ја прифатите секоја покана што ќе ја добиете

Порано се сметало за навистина неучтиво да одбиете покана за настан, за вечра и слично. Но денес, кога повеќето едвај имаат време за себе, ова бонтон правило повеќе не важи.

Сепак, важно е учтиво и навремено да ја одбиете поканата, односно да ја известите личноста што ве поканила дека нема да бидете во можност да присуствувате.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno-02.JPG

Не ги ставајте лактите на масата

Денес јадењето со друштво во ресторан не мора да е формален настан бидејќи веќе е секојдневие. Па, правилото за лактите на масата претрпело некои промени.

Односно, штом веќе сите завршиле со јадење и само разговарате со друштвото со пијачка, во ред е да ги потпрете лактите на масата.

Но, избегнувајте го ова додека другите јадат.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno-03.JPG

Треба да пристигнете рано на настани

Никогаш не е во ред да доцните, но не е во ред да пристигнете и половина час порано.

Ако, на пример, некој ве викнал на гости во 20 часот, а вие отидете уште пред 19:30, тогаш само ќе му пречите додека се подготвува.

Истото важи и за јавни настани. Доволно е да сте десетина минути порано или точно на време.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno06.JPG

Мора да ја изедете целата храна во чинијата

Повеќето луѓе имаат „трауми“ од детството од родителите, бабите и дедовците кои ги терале да изедат сè од чинијата.

Всушност, ова се сметало за бонтон правило со години, особено ако некој друг ви го направи јадењето.

Но, денес е јасно дека прејадувањето не му користи на никој и правилото дека мора да изедете сè веќе не важи.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno08.jpg

Мора да ја извадите капата кога влегувате некаде

Ова бонтон правило не е целосно искоренето, но е малку променето, односно адаптирано за помодерно време.

Во ред е да не ја извадите капата ако одите на ручек со пријател или кога сте во опуштено опкружување.

Но, препорачливо е да не носите капа на настани со дрес код, на интервју за работа и генерално места каде што треба да покажете учтивост и почит.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno-0209.jpg

Мажот треба да ја плати сметката во ресторан

Во ред е ако мажот сака да ја плати сметката во ресторан, но исто така во ред е и ако сметката ја подели со партнерката или, пак, дозволи да плати само таа.

Во ера кога се бориме за рамноправност, правилото дека мажот треба да плати секогаш, веќе е застарено.

6-bonton-pravila-koi-vekje-ne-mora-da-gi-sledite-deluvaat-zastareno-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg