Можете сами да си извадите куршум од телото и уште 7 бесмислени митови во кои веруваме поради холивудските филмови
Ако пробате сами да си извадите куршум од прострелна рана, најпрво веројатно ќе се онесвестите од болката. Ако сепак успеете да го извадите, ќе ја влошите раната и ќе си предизвикате дополнителни проблеми.
На сите ни е јасно дека не можеме да очекуваме холивудските филмови, особено акционите, да бидат реалистични.
Но, некои работи сме ги виделе во толку многу филмови, што сме ги прифатиле како вистинити.
Дел од најбесмислените митови во кои веруваме благодарение на Холивуд:
Мит 1: Ако ве застрелаат во рака или нога, нема да ви биде ништо
Во многу филмови имало ситуации кога некој лик бил застрелан со огнено оружје на место каде што нема витален орган, на пример ногата. И, неретко на ликот не му е ништо.
Во реалноста, прострелните рани, без разлика на кој дел од телото, можат да бидат критични. Секогаш постои ризик да биде оштетен голем крвен сад, што може да доведе од губење многу крв, а со тоа и смрт.
Мит 2: Може да се разбудите од кома и да не ви биде ништо
Во филмовите, кога некој лик се буди од кома, некогаш и по неколку месеци, изгледа како да нема никакви последици и си продолжува со животот како да не се случило ништо.
Во реалноста, пациентите кои се будат од кома, особено по подолг период, неретко се соочуваат и со физички, и со психички проблеми.
По долг период може да се јави атрофирање на мускулите, а некогаш имаат проблеми со сеќавањето, но и се соочуваат со други психички проблеми, како депресија.
Мит 3: Елеците отпорни на куршуми ве прават непобедливи
Само помислете колкупати сте виделе како некој лик е застрелан, за потоа да открие дека носи елек отпорен на куршуми и не му е ништо.
Во филмовите, некогаш овие елеци ги спасуваат ликовите и од автоматско оружје, па и нож.
Во реалноста, ваквите елеци не штитат од помоќно огнено оружје. Покрај тоа, иако го спречуваат куршумот, поради брзината и силата со којашто се движи, може да се јават модринки, па дури и да се скрши некое ребро.
Мит 4: Ако некој ве удри и изгубите свест, кога ќе се разбудите нема да ви биде ништо
Во скоро секој акционен филм има сцена каде што лик губи свест среде тепачка, а кога ќе се разбуди има само главоболка.
Но, ако изгубите совест од удар по главата, голема е веројатноста дека се случило некакво оштетување на мозокот. Па, откако ќе се разбудите, може да се соочите со збунетост, дезориентација и физичка слабост.
Ако, пак, не се разбудите подолго од две минути, тогаш може да настанала сериозна штета.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





