Можете сами да си извадите куршум од телото и уште 7 бесмислени митови во кои веруваме поради холивудските филмови

Мит 5: Можете да преживеете пад од голема височина ако паднете во вода

Во холивудските филмови има и безброј сцени каде ликовите скокаат во вода од огромни височини и не им е ништо.

Во реалноста, скокањето во вода и од релативно мала височина може да резултира со сериозни повреди ако не се изведе правилно.

Поради брзината и силата со којашто ја допирате водата, таа делува како да е тврда површина, па ако сте лошо позиционирани, лесно можете да скршите екстремитет, дури и вратот.

mozhete-sami-da-si-izvadite-kurshum-od-teloto-i-ushte-7-besmisleni-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-filmovi-06.JPG

Мит 6: Можете да скокнете низ прозорец и да поминете без повреди

Скокањето низ прозорец (или стаклена врата) не е безопасно како што е прикажано во филмовите.

Во мигот кога ќе удрите во стаклото, тоа ќе се искрши на илјадници мали делчиња и некои од нив сигурно ќе ве пресечат и може да ви нанесат сериозни повреди.

mozhete-sami-da-si-izvadite-kurshum-od-teloto-i-ushte-7-besmisleni-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-filmovi-07.JPG

Мит 7: Можете да удирате некој со боксови без да се повредите

Тепачките со боксови не се ништо ново во филмовите, но Холивуд не претставува колку се болни ударите и за оној што напаѓа.

Удирањето бокс на друга личност лесно може да резултира со скршеници во дланката, исто како кога би удриле во ѕид или нешто друго тврдо.

mozhete-sami-da-si-izvadite-kurshum-od-teloto-i-ushte-7-besmisleni-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-filmovi-08.JPG

Мит 8: Лесно е да извадите куршум од телото

Акционите херои неретко самите си ги вадат куршумите од телото и иако во филмовите ова е претставено како болен процес, сепак изгледа премногу лесно.

Во реалноста, ако сами пробате да си извадите куршум, можете да се предизвикате повеќе штета отколку ако го оставите.

Можете да ја влошите раната, но и да изгубите свест од болката додека се обидувате да го извадите.

mozhete-sami-da-si-izvadite-kurshum-od-teloto-i-ushte-7-besmisleni-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-filmovi-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...

Најчитани неделава