Го анализирате секој разговор и уште 6 работи што ви се познати ако имате социјална анксиозност

Дали се „криете“ зад телефонот кога сте излезени со луѓе? А, дали го анализирате секој разговор, дури и оние безначајните, па дури и ви е криво што не сте кажале нешто поразлично?

postojano-se-izvinuvate-go-analizirate-sekoj-razgovor-raboti-shto-vi-se-poznati-ako-imate-socijalna-anksioznost-01.jpg

Социјалната анксиозност е честа појава, но може да биде тешко да се препознае, особено ако по природа сте интровертни.

Оваа состојба предизвикува чувства на страв, загриженост, па и вина во социјални случувања и ако не ја третирате, може да ви влијае врз секојдневието.

Ако се пронаоѓате во следниве работи, можеби е време да побарате помош:

Кога сте со луѓе, повеќе време минувате на телефонот

Ако многупати пробувате да се „скриете“ зад телефонот бидејќи ви е непријатно кога сте опкружени со луѓе, можно е да имате социјална анксиозност.

Денес веќе е норма да „висиме“ на телефонот дури и кога сме излезени со пријатели, но ако го правите ова за да избегнете интеракција која прави да се чувствувате непријатно, можеби станува збор за скриена социјална анксиозност.

Мозокот ви се блокира за време на разговор

Луѓето кои имаат социјална анксиозност често се чувствуваат како мозокот да им се блокира додека разговараат со некого или да не знаат што да кажат следно.

Бидејќи вашиот мозок го перципира разговорот како опасна ситуација, така и реагира, односно бара начин да се извлечете од „опасната“ ситуација, па тешко ви е да се фокусирате на разговорот.

go-analizirate-sekoj-razgovor-raboti-shto-vi-se-poznati-ako-imate-socijalna-anksioznost-05.JPG

Се чувствувате непријатно кога ви даваат комплименти

Дали мразите комплименти и пробувате да ги банализирате со шега на своја сметка или нешто слично?

Многу луѓе не сакат комплименти, особено ако се скромни личности. Сепак, ако секојпат кога вниманието е свртено кон вас се чувствувате непријатно, можно е да имате социјална анксиозност.

Премногу сте учтиви и свесни за постапките на другите околу вас

Луѓето со социјална анксиозност обично се премногу учтиви и имаат навика постојано да се извинуваат.

Истовремено, постојано го набљудуваат однесувањето на другите со надеж дека ќе можат да ги „прочитаат“ за да ја намалат анксиозноста што чувствуваат во социјално опкружување.

go-analizirate-sekoj-razgovor-raboti-shto-vi-se-poznati-ako-imate-socijalna-anksioznost-04.JPG

Постојано мислите за она што сте го кажале или направиле

Нормално е по некој разговор да помислите дека сте можеле да кажете нешто друго.

Но, ако го анализирате секој разговор, дури и оние безначајните, а притоа дури и се каете за она што сте го кажале, најверојатно се соочувате со социјална анксиозност.

Често избегнувате можност да се социјализирате

Ова е можеби најочигледниот знак. Ако скоро секогаш ги одбивате поканите за дружба излегување, тогаш бегате од анксиозноста што знаете дека ќе ја чувствувате на ваквите настани.

Ова изолирање некогаш може да биде и знак за депресија, па не го игнорирајте.

go-analizirate-sekoj-razgovor-raboti-shto-vi-se-poznati-ako-imate-socijalna-anksioznost-02.JPG

Поставувате прашања, но не споделувате ништо за себе

Луѓето со социјална анксиозност се плашат дека другите ќе ги осудуваат.

Поради ова, тие ќе покажат интерес за другите и ќе им поставуваат прашања, но генерално избегнуваат да зборуваат за себе.

Како да ја намалите социјалната анксиозност?

Најдобро е да побарате помош од експерт ако постојано чувствувате социјална анксиозност и ако ова ве спречува да функционирате нормално.

Терапевтот ќе ви помогне да откриете од каде потекнува оваа анксиозност, а со тоа и да најдете решение.

Добро би било и да ѝ се доверите на личност на којашто ѝ верувате и која ќе ви помогне да се чувствувате попријатно кога сте излезени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава