Психолози откриваат како да се расправате со партнерот, а да не си ја уништите врската (низ илустрации)
Не пробувајте да „победите“ во караницата и секогаш разговарајте за конкретниот проблем, наместо да вадите „валкана облека од фиоката“... Што друго советуваат психолозите за да бидете конструктивни, но и да не ја оддалечите саканата личност од себе кога се карате?
Секојпат кога се карате со партнерот, тоа може да биде многу непријатно. Кога викате, трескате со врати, ја префрлате вината еден на друг, многу е веројатно дека си ја уништувате врската.
Повеќето парови ги прават истите грешки, па затоа психолозите сметаат дека имаат решение - тие откриваат како треба да се карате, но тоа да ви помогне да ја зацврстите врската, наместо да ја уништите.
Во продолжение прочитајте ги нивните совети:
Запомнете ги првите 3 минути
Психологот Џон Готман, кој проучувал илјадници парови во период од 50 години, вели дека првите 3 минути од конфликтот одредуваат како ќе се развие кавгата во 96% од случаите.
Тој советува разговорот да се почне нежно, да ги опишете вашите чувства и потреби, наместо да се обвинува или критикува партнерот.
Ако почнете со напад, саканата личност ќе заземе дефанзивна позиција и потоа нема ни да ве слуша што кажувате.
Подобро е да се пожалите отколку да критикувате
Критиката и презирот често доведуваат до раскинување. Нема смисла да му кажувате на партнерот за неговите грешки и недостатоци, бидејќи тоа ќе ја влоши кавгата, а презривиот тон ќе му покаже дека се сметате себеси подобри од својот партнер.
Можете да изразите незадоволство или лутина без да ги повредите чувствата на другата личност.
Пожалете се или покажете загриженост - вашиот соговорник нема да сфати ова како напад, туку како почеток на разговор каде што ќе може да ве ислуша и да ви објасни зошто постапил така.
Разговарајте за конкретна ситуација
Психолозите тврдат дека е голема грешка да навраќате на старите проблеми и да му набројувате што сè и кога погрешил (според вас), зашто ова ќе го натера да заземе дефанзивен став.
Обидете се да не користите фрази како „ти секогаш...“ или „ти никогаш...“, зашто саканата личност ќе се чувствува како лажно да ја обвинувате, па наместо да бара решение за проблемот, ќе се фокусира на тоа да ви докаже дека не сте во право.
Секогаш е подобро да разговарате само за еден конкретен инцидент или причината зошто настанал спорот. На овој начин, шансите за наоѓање решение се многу поголеми.
Почнете така што ќе покажете сочувствителност
Кога вашиот партнер ќе се пожали на нешто, психолозите експертите советуваат да почнете со барем една фраза што ќе покаже сочувство и разбирање од ваша страна.
Кога некој е лут, сака да го ислушаат, пред самиот тој да може да почне да слуша.
Затоа, покажете му дека разбирате што вели и повторете го она што ви го кажува - ова треба да го намали гневот и да ја смири личноста малку.
Тоа не значи дека се согласувате со работите што ви ги кажува, но ако изразите разбирање на почетокот на разговорот, ќе имате можност подоцна мирно да го изразите вашиот став.
Уште 5 совети на следната страница...
Би можело да ве интересира:





