Туѓата среќа и уште 3 работи што не се ваша одговорност (и не треба да ви бидат товар)

Вие не сте одговорни за среќата, но и емоциите на другите. Луѓето треба сами да научат да се справуваат со своите емоции и вие не треба да им робувате само за да ги усреќите.

tugjata-srekja-i-ushte-3-raboti-shto-ne-se-vasha-odgovornost-i-ne-treba-da-vi-bidat-tovar01.jpg

Помеѓу проблемите на работа, со семејството, во домот и со пријателите, лесно е да се почувствувате како на себе да го носите товарот на целиот свет.

Но, додека некои проблеми и обврски се неизбежни, постојат работи кои навистина не треба да бидат ваша одговорност.

Проблемот е што обично не знаеме да направиме разлика, па самите си создаваме дополнителен, а непотребен товар.

Четири работи што навистина не се ваша одговорност:

Среќата на другите

Вие не сте одговорни за среќата, но и емоциите на другите. Ако, на пример, некој ви побара помош, а вие го одбиете, можеби ќе се почувствува разочарано, но вие не сте должни да им помагате на сите на светот само за да не се почувствуваат лошо.

Луѓето имаат одговорност самите да се справуваат со своите емоции, без разлика дали позитивни или негативни. Секако, не треба свесно да повредите некој, но вие треба да водите сметка за вашите чувства, вашата среќа и за себе, а не за буквално сите.

Вие не сте одговорни да ги усреќувате другите и не треба да се погазувате за да го направите тоа.

Одлуките на другите

Кога ќе направиме нешто, сите треба да бидеме подготвени да се сносиме со последиците.

Па, ако некој постојано носи лоши одлуки и не учи од своите грешки, вие не сте должни да пробувате да го „спасите“. Тој самиот си е одговорен за последиците бидејќи и самиот ја донел одлуката.

Во ред е да понудете помош, но штом некој не ја сака, не можете да помогнете.

tugjata-srekja-i-ushte-3-raboti-shto-ne-se-vasha-odgovornost-i-ne-treba-da-vi-bidat-tovar-02.jpg

Исходот од вашиот труд

Ова е можеби најтешко да го прифатиме. Некогаш, без разлика колку се трудиме, нема да успееме во нешто. И, мора да прифатиме дека немаме контрола над некои работи.

На пример, навистина немате контрола над тоа дали шефот ќе сака да ви даде унапредување. Вие можете да се трудите, да се истакнувате, но, на крај, одлуката е негова.

Затоа, наместо да се фокусирате на исходот кој никогаш не можете да го знае однапред, фокусирајте се на тоа да го дадете најдоброто од себе.

Ако не успеете, секогаш можете да пробате пак.

Очекувањата на другите луѓе (и општеството)

Сите чувствуваме некаква одговорност да ги исполниме очекувањата на родителите, пријателите, па и општеството. Но, треба да се ослободиме од ова.

Ако вашите родители сакале да станете доктор, а вам воопшто не ве интересира медицина, не сте должни да си го жртвувате животот за нив. Ако некој очекува да бидете достапни за него 24/7, не сте должни да го исполните тоа.

Некогаш навистина треба да бидеме и малку себични – немате одговорност да ги исполнувате очекувањата на сите бидејќи што и да правите, секогаш ќе има некој на кому нема да му се допаѓате.

Притоа, нема очекувањата на другите секогаш да бидат во склад со вашите вредности и верувања.

Па, бидете свои и дајте им приоритет на вашите желби, соништа, потреби, бидејќи другите нема да го направат тоа за вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg