Го изгуби целото семејство, се предозира на 37 години: Трагичниот живот на ќерката на Аристотел Оназис, Кристина
Имаше проблеми со депресија и зависност
Во периодот кога ги изгубила мајка ѝ и брат ѝ, Кристина страдала од клиничка депресија, а станала и зависна од лекови. Еднаш и се предозирала, но брзо била пренесена во болница каде што ја спасиле.
Во 1975-та, пак, веднаш по смртта на татко ѝ, Кристина пробала да изврши самоубиство во болницата со хируршки скалпел. Болничарите ја забележале навреме, пред сериозно да се повреди.
Кристина била зависна и од диуретици бидејќи целиот живот имала ниска самодоверба поради изгледот на своето тело.
Била опседната со маж кој не ја сакал
Кристина била вљубена во Мик Флик – наследникот на Mercedes Benz – и оваа љубов траела и додека била со други мажи. Но, Мик постојано ја добивал.
Кога Кристина дознала дека сака русокоси, дури и ја променила бојата на косата, но наместо да го заведе, со ова го привлекувала уште помалку.
Со текот на времето Кристина станала толку опседната со Мик, што кога ќе дознаела дека се гледа со некоја жена, ѝ се јавувала и ја вознемирувала.
Немала среќа во љубовта
Додека се надевала дека ќе го освои наследникот на Mercedes Benz, Кристина се венча дури четирипати.
Првиот сопруг на Кристина е Џозеф Болкер кој е 27 години постар од неа, а се венчаа во 1971-ва. Но, бидејќи татко ѝ не го одобрувал бракот, направил сè во негова моќ за да му ја уништи репутацијата, па тие се развеле по девет месеци.
Со вториот сопруг, Александрос Андреадис, се венча во 1975 година. Како неа, и тој беше богат наследник, но кратко по свадбата, Кристина дознала дека има сериозни финансиски проблеми.
Тој период, Кристина ги наследи парите од татко ѝ, па сопругот ѝ побарал 20 милиони долари. Плашејќи се дека ја користи за парите, Кристина се разведе од вториот сопруг по 14 месеци брак.
Со третиот сопруг, рускиот бизнисмен Сергеј Каузов, Кристина се венча во 1978 година. Но, Кристина одлучи да стави крај по две години, бидејќи не го сакала.
И четвртиот брак на наследничката траеше кратко – од 1984 до 1987 година. Се разведоа бидејќи четвртиот сопруг Тјери Русел ја изневеруваше.
Си го враќаше животот во нормала кога почина
Кристина почина во 1988-ма, на само 37-годишна возраст, наводно исто како мајка ѝ, од предозирање. Имаше гласини и дека извршила самоубиство, а некои извори тврдат дека починала од инфаркт, веројатно придизивкан од долгогодишното користење секакви лекови.
Можеби најтрагично е што токму кога почина, Кристина како да почна да си ја враќа контролата во животот.
Иако беше неодамна разведена, со четвртиот сопруг Тјери имаа ќерка и заедно се грижеа за неа. Кристина размислувала да добие уште едно дете со ин витро.
Кратко пред смртта купила и ранч во близина на Буенос Аирес каде што планирала да минува поголем дел од времето со ќерка ѝ.
Прочитајте и: Факти за Гркот Аристотел Оназис и проклетството на неговото семејство – беше најбогат човек во светот, се ожени со Џеки Кенеди
Спирова С. | Црнобело
