Го изгуби целото семејство, се предозира на 37 години: Трагичниот живот на ќерката на Аристотел Оназис, Кристина
Ќерката на Аристотел Оназис била несакано дете и тој дури ја истепал сопругата за да ја натера да абортира. Иако е родена во богато семејство, животот на Кристина Оназис е одбележан со трагедии, проблеми со зависност и депресија.

Грчкиот бизнисмен Аристотел Оназис важеше за најбогатиот и најпознатиот човек во светот, а неговата популарност само се зголеми откако се венча со Џеки Кенеди.
Милијардерот имаше две деца – синот Александер и ќерката Кристина.
Александар почина на само 24-годишна возраст, но ни сестра му Кристина не ја следеше некоја среќа во животот, и покрај тоа што потекнуваше од едно од најмоќните семејства во светот.
И Кристина почина млада, на 37-годишна возраст, а нејзиниот живот го одбележаа низа трагедии, осаменост и проблеми со зависност.
Детали за тажниот живот на богатата наследничка:
Била несакано дете
Кристина Оназис е родена во 1950 година и дотогаш нејзиниот татко веќе бил моќен бизнисмен. Родителите на Кристина, Аристотел и Атина, се венчале во 1946-та, а две години подоцна го добиле синот Александар.
По раѓањето на првото дете, Аристотел самиот велел дека не сака повеќе деца бидејќи тоа ќе ја комплицира иднината на бизнисот и неговото огромно богатство.
Поради ова, сопругата Атина двапати абортирала, но кога останала бремена со Кристина, решила да ја зачува. Дотогаш бракот со Аристотел почнал да се распаѓа и Атина мислела дека ќе се разведат, па ќе може сама да се грижи за детето.
Според некои извори, Аристотел дури и ја истепал сопругата за да ја натера да абортира, но таа одбивала.
Сепак, кога се родила Кристина, Атина била таа што повеќе го замразила девојчето. Имено, ѝ било тешко и да ја погледне бидејќи премногу ѝ личела на Аристотел.
Во детството имала селективен мутизам
Кристина можеби се родила во богато семејство, но речиси никогаш не ја почувствувала љубов или внимание од родителите.
Иако мајка ѝ се трудела да биде присутен родител, самата имала проблеми со менталното здравје. Татко ѝ, пак, ја засакал, но често бил отсутен поради работни обврски. Па, Кристина и брат ѝ пораснале со послугата во домот.
На 3-годишна возраст, Кристина престанала да зборува и кога ја однеле на психијатар, тој утврдил дека има селективен мутизам.
Според психијатарот, проблемот се појавил бидејќи сите биле премногу заштитнички настроени кон Кристина, но и бидејќи не добивала доволно внимание од родителите.
По некое време го надминала проблемот, а самата има изјавено дека не се сеќава на овој период од животот.
Никогаш не го преболела разводот на родителите
Кристина имала само осум години кога нејзините родители се разделиле. Дотогаш, нивниот брак веќе се распаѓал, но откако Атина дознала дека Аристотел има афера со оперската пејачка Марија Калас, побарала развод.
Разводот бил ништо помалку од бурен, па Кристина повторно престанала да зборува. Во 1968-ма, татко ѝ се венча со Џеки Кенеди, а Кристина никогаш не ја засакала.
Во период од три години, го изгуби целото семејство
Посериозните проблеми за Кристина почнале кога во 1972-ра, кога брат ѝ Александар загина во авионска несреќа.
Бидејќи тој требало да биде наследник на бизнисот, по трагедијата, Аристотел веднаш почнал да ја подучува Кристина за да може да го наследи.
Кратко по смртта на брат ѝ, починала и Атина, мајката на Кристина, наводно од предозирање со апчиња.
Во 1975 година, Кристина го изгуби и татко ѝ, кој почина по операција на мочниот меур.
