„Купив близнаци од интернет за 8.000 евра – ме осудуваа, но не погрешив“: Детали за најголемиот скандал со посвојување
Не е познато колку пари платиле Џудит и Ален, но се претпоставува дека од нив, сопственичката на агенцијата добила околу 8.000 долари. Џудит и Ален дури и им ги промениле имињата на двете деца.
Па, целиот начин на посвојување не бил само нелегален, туку и неетички.
Надлежните веднаш ги одзеле децата од Џудит и Ален, а посвојувањето било поништено, по што близнаците биле вратени во САД и однесени во дом за сираци.
Подоцна биле легално посвоени од трет пар, со кој ѝ пораснале.
Целата приказна се претворила во најголемиот скандал во Англија, иако за британските медиуми Џудит секогаш стоела на ставот дека не направила ништо погрешно и дека сигурно би им дала поубав живот на близнаците.
Поради влечењето по судови, Џуди и Алан направиле долг од над 70.000 евра, ја изгубиле куќата и во 2006 година се развеле.
Алан починал од заболување на белите дробови пред неколку години, додека Џудит вели дека живее со син ѝ.
Вели дека не знае ништо за близнаците, освен дека живеат во Мисури, како и дека во 2018-та се запишале на факултет.
Спирова С. | Црнобело