Го обвини принцот од Монако за силување, па ја затворија во психијатриска установа: Каде исчезна моделот Карен Мулдер?

Бидејќи во студиото имало публика која го слушала интервјуто, приказната брзо се рашири. И, одовде почнува падот на убавата манекенка.

go-obvini-princot-od-monako-za-siluvanje-pa-ja-zatvorija-vo-psihijatriska-ustanova-kade-ischezna-modelot-karen-mulder-7.JPG

Во контроверзното интервју, Карен изјавила дека бил присилувана да спие со моќни мажи во индустријата за да може да напредне како модел.

Исто така, тврдеше дека моделите се користени како секс робинки, а неретко биле најмувани од моќни политичари.

Карен велеше дека била дрогирана и силувана и дека се чувствувала како да сакале да ја претворат во проститутка.

Набрзо по снимањето на интервјуто, Карен и официјално поднела обвинение за силување, но не е познато што се случило со пријавата.

go-obvini-princot-od-monako-za-siluvanje-pa-ja-zatvorija-vo-psihijatriska-ustanova-kade-ischezna-modelot-karen-mulder-6.JPG

Но, наводно, нејзиното семејство почнало да се загрижува за менталното здравје на Карен, па присилно ја однеле во психијатриска клиника во Париз.

Овде поминала пет месеци, а иронично е што престојот во клиниката платил маж кого Карен исто така го обвини за силување.

По излегувањето од установата, Карен во неколку наврати изјави дека имала „нервен слом“ поради трауми од детството, наводно силување, и дека она што го кажувала не било точно.

go-obvini-princot-od-monako-za-siluvanje-pa-ja-zatvorija-vo-psihijatriska-ustanova-kade-ischezna-modelot-karen-mulder-6_2.JPG

Но, некои извори блиски до неа тврдеа дека приватно, Карен стоела на ставот дека била силувана од луѓе во индустријата. Односно – повлекувањето на обвиненијата веројатно ѝ е наредено.

Неколку месеци по излегувањето од болница, во 2002 година, Карен проба да изврши самоубиство со апчиња за спиење.

По овој инцидент, неколку години се повлече од јавност, за во 2006 и 2007 да проба да лансира музичка кариера и да ѝ се врати на модната индустрија со две-три фотосесии.

Ова не траеше долго, па неколку години повторно ја немаше никаде.

go-obvini-princot-od-monako-za-siluvanje-pa-ja-zatvorija-vo-psihijatriska-ustanova-kade-ischezna-modelot-karen-mulder-03.JPG

Во 2009 година, Карен повторно се најде во центарот на вниманието откако наводно била уапсена бидејќи му се заканувала нејзиниот пластичен хирург.

Тогаш беше опишувана како ментално нестабилна личност со сериозни проблеми со менталното здравје, пред повторно да се повлече од јавност.

Карен беше забележана во 2012 и 2013 година и на папарацо фотките изгледа како да е во добра состојба.

go-obvini-princot-od-monako-za-siluvanje-pa-ja-zatvorija-vo-psihijatriska-ustanova-kade-ischezna-modelot-karen-mulder-10.JPG

По обидот за самоубиство се нема огласено во јавност, но многумина се сигурни дека ја зборувала вистината.

Отсекогаш постоеле гласини за тоа што навистина им се случува на манекенките зад затворени врати, а оние кои ѝ веруваат на Карен, сметаат дека затворањето во установата било обид да ја замолчат.

go-obvini-princot-od-monako-za-siluvanje-pa-ja-zatvorija-vo-psihijatriska-ustanova-kade-ischezna-modelot-karen-mulder-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава