Морничавите јапонски затвори за осудените на смрт: Затворениците не знаат кога ќе бидат егзекутирани
Во Јапонија, затворениците осудени на смрт не знаат кога ќе бидат егзекутирани – им кажуваат утрото пред да биде спроведена казната. Поради ова, некои од нив со години живеат во неизвесност, не знаејќи кој ден им е последен.

Јапонија е една од земјите каде смртната казна е легална, а егзекуцијата се извршува со бесење.
Низ Јапонија има седум установи во кои се чуваат затворениците осудени на смрт, а овде се извршуваат и самите егзекуции.
Една од овие институции е позната како Tōkyō Kōchisho и се наоѓа во престолнината на Јапонија, а егзекуциите се извршуваат во голема соба со дрвени ѕидови.

На средината на собата е одбележано местото каде што треба да застане затвореникот, односно местото каде што се извршува егзекуцијата.
До собата има и галерија одвоена со стакло од која може да се гледа егзекуцијата.

Ако самата смртна казна ви звучи морничаво, тогаш уште пострашен ќе ви биде целиот процес низ кој минуваат затворениците во Јапонија.
Генерално, во други земји каде што има смртна казна, како САД, затворениците го знаат датумот на својата егзекуција неколку недели, па и месеци однапред.

Но, во Јапонија, затворениците дознаваат дека ќе бидат погубени околу еден час пред егзекуцијата.
Оваа пракса е критикувана и нарекувана нехумана и од Обединетите Нации бидејќи им создава огромен дополнителен стрес не само на затворениците, туку и на нивните семејства.
