„Јапонија е ужасна за одмор со деца – не нè пуштаа во ресторани, нè бркаа од такси“
„За време на нашето двонеделно патување, веќе престанав да бројам колкупати вработените во ресторан ни кажуваа дека нема место, а зад нив ги гледав празните маси. И ова не се случуваше само во ресторани. Почнав да се чувствувам навредено“.

Јапонија е дестинација од соништата за многумина.
За одмор во Јапонија сонувала и Џоника Бреј од Австралија. Но, кога конечно имал можност да ја посети земјата со сопругот и трите деца, сфатила дека реалноста е многу поразлична.
Нејзината исповед во продолжение:
Преморена и фрустрирана, влегов во 7-Eleven (американски ланец маркети кои имаат и продавници во Јапонија) и тргнав кон фрижидерите за да купам вечера за моето преморено и гладно семејство.
Без сомнение, имаше многу опции, но уште еден однапред подготвен оброк не ми беше на листата со работи што сакам да ги правам во Јапонија.
Кога ги купив авионските билети за Осака со мојот сопруг Клин и нашите три деца на возраст од осум и шест години, имав слушнато многу убави работи за патување во Јапонија со деца.
Но, никој не ми кажа дека трипати дневно ќе купуваме готови оброци од американски маркети.
Каде беа сите суши и сашими? Зошто не бевме во некој мал убав ресторан за да ја искусиме вистинската Јапонија, пиејќи саке и набљудувајќи ги луѓето?
Бидејќи не бевме добредојдени.
За време на нашето двонеделно патување во јуни, веќе престанав да бројам колкупати вработените во ресторан ни кажуваа дека нема место, а зад нив ги гледав празните маси.
И ова не се случуваше само во ресторани – такси возилата нè одминуваа на улица. Во ретките моменти кога ќе успеевме да застанеме такси, брзо ни велеа да излеземе од автомобилот.
Почнав да се чувствувам навредено, но истовремено ми беше јасно дека големо семејство значи и повеќе врева, повеќе куфери и поголема можност за нарушување на мирот.
Според нашите австралиски стандарди, би рекла дека моите деца се просечни. Не се диви – можат да седат на маса во ресторан и не трчаат низ градот.
Трите синови секако си имаат свои моменти и можат да бидат раздразливи по долг ден.
Би сакала да ги споредам со децата во Јапонија што ги видовме, но не можам бидејќи не ни видов дете во Јапонија.
И, не преувеличувам – во двете недели што бевме овде, не видов ниту едно јапонско дете помало од 16 години.
Целата земја изгледаше како зона без деца.
