„Јапонија е ужасна за одмор со деца – не нè пуштаа во ресторани, нè бркаа од такси“

Кога излеговме од Осака, ситуацијата беше иста.

japonija-e-uzhasna-za-odmor-so-deca-ne-ne-pushtaa-vo-restorani-ne-brkaa-od-taksi-09.JPG

Во хотелот во близина на планината Фуџи ни дадоа соба без поглед штом сфатија дека патуваме со деца.

Закажавме соба за пет возрасни, само затоа што немаше опција да се закаже соба за деца.

Ни ветуваа соба со поглед, но нè однесоа во собичка на крајот од ходникот каде што нема да нè гледаат.

На патувањето сретнавме пријатели од Австралија кои исто така имаат три деца.

japonija-e-uzhasna-za-odmor-so-deca-ne-ne-pushtaa-vo-restorani-ne-brkaa-od-taksi-02.JPG

Имаше ситуација кога едно од децата седна на тротоарот додека ја гледавме мапата на градот и добивавме лоши погледи. Неколку луѓе ни рекоа и дека детето „лошо“ и „валкано“.

Па, истата ноќ на Гугл пребарував што се смета за неучтиво во Јапонија.

Дување нос во јавност, јадење на улица, неправилно користење стапчиња за јадење, оставање бакшиш, правење врева, зборување гласно, зборување на телефон.

„Мислам дека листата ќе беше пократка ако пишуваше што не е неучтиво во Јапонија“, му спомнав на сопругот.

japonija-e-uzhasna-za-odmor-so-deca-ne-ne-pushtaa-vo-restorani-ne-brkaa-od-taksi-04.JPG

Додека истражував, дознав дека децата во Јапонија треба да се независни до шесто одделение и дека во некои училишта не ни има хигиеничари бидејќи учениците се грижат за чистењето.

Со ова започна дискусија за очекувањата од децата и дали можеби општеството е премногу строго кон родители чии деца не ги исполнуваат овие стандарди.

Не велам дека луѓето во Јапонија грешат или дека треба да ја менуваат нивната стара традиција за да им удоволат на туристите додека се на одмор.

Но, сакам да кажам дека нашето очекување за одморот во Јапонија беше многу поразлично од реалноста.

japonija-e-uzhasna-za-odmor-so-deca-ne-ne-pushtaa-vo-restorani-ne-brkaa-od-taksi-03.JPG

Со сопругот сме пропатувале многу со нашите деца. Сме биле во Франција, Намибија и Јужна Африка. Ни беше убаво на Филипините и си поминавме одлично во Хонгконг.

Но, Јапонија не е земја што им ја препорачала на луѓе со деца помали од 15 години и дефинитивно не е дестинација на која би сакала да се вратам.

japonija-e-uzhasna-za-odmor-so-deca-ne-ne-pushtaa-vo-restorani-ne-brkaa-od-taksi-10.JPG

Но, има едно нешто што ми се допадна – продавниците на 7-Eleven.

Да, ги имаме и во Австралија, но маркетите во Јапонија се сосем поразлични и ги обожавам.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg