Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор?
Спакувајте се со вакуум кеси
Вакуум кесите можат значително да го намалат волуменот на облеката.
Секако, не заборавајте дека на ист начин ќе треба да се спакувате и за назад, кон дома.

Внимателно проверете ги дозволените димензии на багажот
Препорачливо е да направите пробно пакување и внимателно да го измерите багажот – и големината, и тежината. Ако надминувате нешто, пробајте да се спакувате одново.
Немојте да одите на аеродром без да го проверите ова, бидејќи постои ризик да ви излезе дополнителен трошок.

Заменете ги стандардните амбалажи со мали
На одмор нема да ви треба лаптоп, па не мора ни да ви зафаќа простор. Не мора да носите ни фотоапарат (освен ако не сте фотограф) бидејќи на телефоните, сите имаме одлични камери.
За продукти за хигиена и нега, купете мали шишенца и претурете ги. Можете да купите и мали верзии на некои продукти, како паста за заби, четка…

Ставете нешто во чевлите
Можете да го искористите просторот во чевлите што ќе ги спакувате во куферот – во нив ставете чорапи или нешто друго мало.

Некои продукти за хигиена купете ги на дестинацијата
Каде и да одите, голема е веројатноста во маркет да најдете шампон, сапун и слично по прифатлива цена.
Па, некои работи и воопшто не мора да ги носите од дома.

Спакувајте се во лесна торба
Обрнете внимание и на тежината на торбата кога е празна пред да се спакувате.

Спирова С. | Црнобело
