5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“
„Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук, се караше со мене, ме тераше да се венчаме само за да биде со мене. За среќа, ѝ ја открив лагата“.

Љубовната врска со себе носи премолчено ветување за среќа, заедничка поддршка, убави моменти, споделување на сè добро и лошо.
Но, што кога лошото ќе надвладее? Не лошо во вид на физичко или психичко малтретирање, туку ситуации поради кои ќе раскинете.
Или, откако сте раскинале, ќе сфатите дека ви е подобро без некои бивши, зашто, со своето однесување како самите да ве молат „Мрази ме цел живот!“
Луѓе преку Редит споделија свои грди искуства со бившите - поради некои од овие приказни ќе ве полазат морници:
„Еден ден решив да ја изненадам девојка ми: Купив голема вазна, ја наполнив со ливчиња на кои ѝ пишував пораки дека ја сакам, а на најголемиот лист беше поема што ја напишав самиот за неа.
Кога ѝ го дадов подарокот, таа се налути и почна да ме тера да докажам дека сам сум ја напишал песната. Бараше да ѝ го покажам документот на компјутер, ама беше избришан.
На крај ја искрши вазната и ги фрли ливчињата, зашто не сакаше да прифати дека не сум ископирал од Интернет. Секако - раскинавме по неколку дена“.

„9 години бев во врска со девојка, која, одеднаш рече дека мора да се врати во нејзиниот роден град, за да помине неколку дена во болница.
Две недели комуникацијата беше нормална, но кога отворив месинџер да ѝ пратам порака, видов фотографија на која носи венчаница.
Се омажила без да ми каже, не ми прати дури ни порака за да ми раскине“.
„Мојот дечко сфатил дека ја сака бившата девојка, па ми кажа дека е подобро да раскинеме за да проба пак да ја освои.
По две недели ми се јави за да ме покани да одиме во кино, зашто неговата бивша веќе имала дечко и не сакала да се смират“.

„Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук, се караше со мене, ме тераше да се венчаме само за да биде со мене.
За среќа, ѝ ја открив лагата на време“.
„Кога мојата девојка мораше да се пресели во друг град поради работа, ѝ помогнав да се спакува, изнајмив автомобил, ѝ ги пренесов работите, ѝ помогнав да се распакува.
По една недела ми се јави за да ми раскине, зашто во последните два месеца се гледала со друг маж - тој бил причината да се пресели, не работата“.
А. Ј. | Црнобело
