Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации

Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за заби, дали да ја перете долната облека со другите парчиња – ова се само дел од прашањата што нè мачат сите. Како ги одговараат експертите?

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-01.jpg

За многу работи во секојдневието, мислењето на луѓето е навистина поделено.

На пример, некои ги мијат забите веднаш штом ќе станат, а други сметаат дека е подобро да ги измијат по појадокот.

Некои чуваат зготвена храна во фрижидерот и до една недела, додека други ја фрлаат по ден-два, дури и ако не е расипана.

Па, кој е во право?

„Дали е во ред да ја перам долната облека со друга облека?“

Долната облека, особено женската, е направена од поделикатен материјал. Па, ако ја ставите во перална со нешто потешко, како фармерки или облека со копчиња и патенти, побрзо ќе се оштети.

Покрај тоа, повеќето парчиња долна облека е препорачливо да се перат на различна програма на машината.

Затоа, најдобро е да ја одделувате од останатата облека.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-03.jpg

„Дали да ги мијам забите пред или по појадок?“

Луѓето се навистина поделени за ова прашање – некои не можат да помислат да стават нешто во уста пред да ги измијат забите, додека другите сметаат дека залудно ќе ги мијат забите пред појадок, кога потоа пак ќе ги извалкаат.

Според заболекарите, забите е подобро да се мијат пред појадокот, односно веднаш откако ќе се разбудите.

Најпрво, во текот на ноќта, во усната празнина се акумулираат бактерии кои покрај тоа што создаваат непријатен здив, можат да ги оштетат забите во комбинација со храна.

Притоа, ако ги измиете забите пред појадок, флуорот од пастата ќе им даде подобра заштита додека јадете.

Проблем е и ако ги измиете забите веднаш по јадење, бидејќи тогаш киселините од храната побрзо ќе продрат до забите поради триењето од четката.

Ако сепак останувате на ставот дека забите се мијат по појадок, почекајте барем 30-тина минути – ова ќе му даде време на емајлот да се реминерализира, па забите нема да се оштетат.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-04.jpg

„Дали е безбедно да го оставам телефонот на полнач преку ноќ?“

Батеријата на смартфоните не може да се „преполни“ и во ред е ако го полните преку ноќ.

Но, важно е каде ќе го оставите телефонот. Додека се полни, нормално е уредот да се загрее. Па, ако го ставите под перница додека е на полнач, секогаш постои ризик од пожар.

Затоа полнете го телефонот навечер, но ставете го на маса, каде што нема да биде покриен со ништо.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-05.JPG

„Дали е подобро да се истуширам навечер или наутро?“

Некои луѓе не можат да го почнат денот ако не се истушираат, додека други сметаат дека е попаметно да се истушираат одвечер.

Многу подобро е да се истуширате одвечер бидејќи во текот на денот се потите, на вас се лепи прашина и слично, па сето ова ќе заврши и во вашиот кревет.

Но, одговорот на ова прашање може и да варира – на пример, ако се потите навечер, тогаш секако е добро да се истуширате и наутро.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-06.JPG

„Дали е во ред да го фрлам ѓубрето следното утро, наместо вечерва?“

Одговорот на ова прашање зависи од тоа што имате фрлено во корпата за ѓубре.

Ако сте фрлиле остатоци од храна, лушпи или нешто слично, секогаш е подобро веднаш да го однесете во контејнер.

Бидејќи ѓубрето е на собна температура, од фрлените остатоци од храна брзо ќе почнат да се размножуваат бактерии, а ќе почне да се шири и непријатен мирис, па потоа ќе треба да ја миете корпата.

Ако ѓубрето во корпата е суво, како хартиени амбалажи, тогаш е во ред да го фрлите и следното утро.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-02.jpg

„Дали е подобро да користам пластични или стаклени садови за храна?“

Точно е дека пластичните садови се полесни, поевтини и многу издржливи. Но, со поновите истражувања за штетното влијание на пластиката, сепак веќе ене се препорачуваат за складирање храна.

Кога чувате храна во пластичен сад, во неа може да останат честички микропластика, особено ако садот е изгребан или малку оштетен.

Исто така, пластиката впива мириси, па е потешко да се исчисти. Затоа, многу побезбедно ви е да користите стаклени садови.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg