9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè)
Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи кои нема да ви зафаќаат многу простор.

Еден од најстресните делови од одењето на одмор е, секако, пакувањето.
Треба да понесете сè што ќе ви треба, но не треба и да спакувате премногу работи, особено ако одите со авион и сте ограничени со големината на куферот.
Притоа, треба да можете и да се снајдете во куферот.
Неколку трикови за пакување што ќе ви се најдат ова лето:
Пробајте го методот „54321“
Со овој метод ќе спакувате само толку облека колку што ќе ви треба за 5-дневно патување.
Според методот, ќе ви требаат:
- 5 пара чорапи и 5 пара долна облека
- 4 блузи (маички, кошули и слично)
- 3 панталони/здолништа
- 2 пара чевли
- 1 шешир (или капа) и 1 чанта
Ако одморот ви трае подолго, на пример цела недела, тогаш само зголемете го бројот на чорапи и долна облека.
Секако, не мора да се држите точно до овие бројки, но методот ви дава некаков увид за тоа колку всушност облека ќе ви треба.
Купете организери за куфер
Ваквите организери може да ги најдете по ниска цена на онлајн продавници како Temu.
Навистина се практични бидејќи ќе ви помогнат да ја одделите облеката во куферот, па полесно ќе се спакувате, но и полесно ќе го најдете она што ви треба.
Префрлете ги продуктите за убавина во помали амбалажи
Наместо да носите цело шишенце парфем или серум или крем за лице, купете пластични шишенца за патување и префрлете дел од продуктите во нив.
Ова ќе ви заштеди многу простор.
Ставете ги чорапите во шеширот
Ако носите шешир, можете да го искористите просторот во него за малите парчиња, како чорапи или долна облека.
