ТикТок тренд „Ефект на девојка“: Фото докази дека мажите се разубавуваат, кога ќе си фатат женска
Од износени фармерки и избледени маици, до стилски мажи со уредна фризура... Овие фотки се доказ колку една жена може да промени маж (на подобро).

Кога мажите ќе стапат во врска неретко се случува да го променат својот изглед на подобро и тоа најчесто поради советите и сугестиите на своите сакани.
Девојките им даваат совети околу изгледот на фризурата или (не)уредноста на брадата, па така ја креираат најдобрата верзија од нив во поглед на физичкиот изглед.
@alisha.isaacs I definitely win this trend #fyp #girlfriendeffect #alishaanddig
♬ greedy sped up - Tate McRae
На ТикТок постои тренд наречен „Girlfriend Effect“ (ефект на девојка) каде девојките објавуваат како изгледале нивните партнери пред да почнат да се состануваат или на самиот почеток од врската vs. како изгледаат денес.
@moritz_hau Relationship side effects
-->♬ greedy sped up - Tate McRae
Промените се добро видливи, зарем не?







С. С. | Црнобело
