„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фати лидерот“
Елиса и членовите на култот немале забрана за движење како во некои заедници, единствено биле заплашувани од лидерот и морале да му се потчинуваат.
Па, никој не ни помислувал да избега.
Кога наполнила 17 години, Елиса почесто преспивала во нејзиниот автомобил, за да биде настрана од сопругот. На еден ваков „излет“ го запознала 25-годишниот Ламонт Барлоу кој бил поранешен член на култот.
Почнала врска со него, а тој, пак, почнал да ја охрабрува да го напушти култот.
Но, Елиса останала бремена, а лидерот на култот, Ворен Џефс, дознал за ова. Го поништил бракот со нејзиниот братучед, а ова ја охрабрило конечно да избега.
„Кратко по мојот 18-ти роденден, го напуштив единствениот живот што го знаев за да почнам одново во надворешниот свет.
Љубовта за многуте луѓе што ги ставив зад мене, грижата за моите помлади сестри и нивните судбини ме натераа да направам сè што е во моја моќ за да ги заштитам“.
Сакајќи да стави крај на страдањата на своите блиски, Елиса поднела тужба против лидерот. Тој побегнал од заедницата, но надлежните успеале да го лоцираат.
Во својата книга, Елиса се присетува и на моментот кога го нашле:
„Беше во црвен автомобил со 54.000 долари во кеш, 15 телефони, лаптопи, кредитни картички и две женски перики“.
Конечно, во 2007 година, Џеф бил осуден за силување на две малолетни девојчиња кои ги присилил да му бидат „невести“ и добил доживотна казна затвор.
Денес Елиса е во среќен брак, но се залага и за да им помогне на другите жртви од култот.
„Денес сум мајка на двајца прекрасни тинејџери кои ми помогнаа да научам некои лекции и кои постојано ме инспирираат да продолжам да закрепнувам и да созревам.
Пред пет години се вративме во градот од којшто побегнав за да направиме промена. Заедно со другите преживеани од култот, се издигаме од пепелта што ја оставивме од нашето тажно минато.
Ги споделуваме лекциите од нашите животи и градиме заедница слободна од религиска опресија“, вели Елиса.
Спирова С. | Црнобело
