Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот во Тајланд

Покрај зеленилото, плажите, културата и вкусната храна, Тајланд има и друга страна што привлекува туристи, најчесто средовечни мажи – проституција која не е никако регулирана и лесен пристап до разни наркотици.

tatkovci-najmuvaat-prostitutki-za-nivnite-sinovi-droga-na-sekoj-chekor-mrachnata-strana-na-turizmot-vo-tajland-01.jpg

Тајланд е една од најпосакуваните дестинации и има добра причина зошто.

Зеленилото, плажите кои се како излезени од филм, храната и ноќниот живот се само дел од работите што ги нуди азиската земја.

Но, Тајланд има и мрачна страна – за некои туристи, дрогата и проституцијата се она што ја прави земјата привлечна.

Бангкок е нарекуван дури и „азиската престолнина на сексот“ и секоја година, илјадници туристи одат таму само поради ова.

А, овие туристи неретко се средовечни мажи кои дома имаат сопруги и деца.

tatkovci-najmuvaat-prostitutki-za-nivnite-sinovi-droga-na-sekoj-chekor-mrachnata-strana-na-turizmot-vo-tajland-07.JPG

Ако сте ја гледале последната сезона од серијата The White Lotus, сте имале можност да ја видите оваа страна на Тајланд. Во серијата, мажите кои ја посетуваат земјата за дрога и секс се наречени LBH – кратенка од loosers back home (губитници дома).

Односно, ова се туристи, претежно средовечни мажи, кои во своите земји се никој и ништо, но во Тајланд се третирани како кралеви од сексуалните работници поради нивните пари.

tatkovci-najmuvaat-prostitutki-za-nivnite-sinovi-droga-na-sekoj-chekor-mrachnata-strana-na-turizmot-vo-tajland-11.JPG

Сега, ријалити ѕвездата Зара Мекдермот сними и документарец во кој ги покажува двете страни на Тајланд – рајот со плажи и зеленило, како и сериозниот проблем со дрога и проституција.

Нејзин фокус се туристите од нејзината родна змеја, Англија, но Тајланд ја посетуваат луѓе од целиот свет.

tatkovci-najmuvaat-prostitutki-za-nivnite-sinovi-droga-na-sekoj-chekor-mrachnata-strana-na-turizmot-vo-tajland-05.JPG

Во документарецот таа интервјуира 23-годишен дечко кој отишол во Тајланд за да ја искуси „фантазијата“ за којашто слушал.

Поради многуте видеа од ноќниот живот во Тајланд што ги гледал на Инстаграм, решил дека мора да ја посети земјата.

Тој раскажува и приказна, за тоа како му пришла проститутка и му побарала 23 фунти (околу 26 евра) за да ја помине ноќта со него.

„Ми објасни дека парите ќе му ги дадам на менаџерот на локалот каде што бевме. Девојките излегуваат од работа (од барот) и може да ја поминете ноќта со нив.

Првата вечер не спиевме заедно. Но, тоа сепак не беше состанок“.

tatkovci-najmuvaat-prostitutki-za-nivnite-sinovi-droga-na-sekoj-chekor-mrachnata-strana-na-turizmot-vo-tajland-04.JPG

Следната ноќ, истата девојка повторно му пришла и тој тврди дека таа инсистирала да имаат секс, но секако откако ќе ѝ плати плати.

Младиот Британец се согласил, но истакнува дека дотогаш немал секс со проститутка.

Девојката му пришла и третата вечер, но тој ѝ рекла дека не сака да спие со неа. Но, сепак, таа инсистирала да се видат.

„Мислам дека целта им е да ги ’навлечат‘ туристите. Да се вљубат во некоја девојка, па кога ќе се вратат дома да им испраќаат пари, за тука да живеат добро“.

tatkovci-najmuvaat-prostitutki-za-nivnite-sinovi-droga-na-sekoj-chekor-mrachnata-strana-na-turizmot-vo-tajland-02.JPG

Сепак, девојките кои се принудени да се проституираат поинаку ја раскажуваат целата ситуација и за нив, во прашање е нивната егзистенција.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава