Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот во Тајланд
Во документарецот, Зара Мекдермот разговара со 17-годишна девојка која работи како проститутка и очајно пробува да избега од тој свет.
Девојката раскажува дека почнала да се занимава со проституција со надеж дека ќе сретне маж кој ќе ѝ помогне во животот.
Многу мажи им давале ветувања на девојките како неа, но ретко кој од нив ги исполнувал.
Еднаш дури и се вљубила во еден маж кој ѝ ветил дека ќе ѝ помогне да престане со сексуалната работа. Но, набрзо потоа дознала дека тој забременил друга жена и не планира да ѝ помогне.
Друга девојка која работи како проститутка раскажува и уште повознемирувачка приказна.
Имено, честопати се случувало татковци да најмуваат проститутки за нивните синови.
„Обично се млади момчиња, повеќето тинејџери. Срамежливи се и како да доаѓаат овде да научат нешто повеќе за сексот. Некогаш доаѓаат со нивните татковци.
Со повеќето клиенти, се забавувам, пијам, одам на шопинг, јадам… Имам односи само откако ќе се договориме колку долго ќе останам со нив“.
Девојката додава и дека била самохрана мајка и поради тоа почнала да се занимава со проституција.
„Имав семејни проблеми. Немав партнер, а имав дете кое го одгледував сама. Ако работам како готвач, нема да заработувам повеќе од 500-600 евра месечно. Но, кога работам навечер, ги заработувам овие пари за една недела“.
Зара Мекдермот вели дека со документарецот сака да ја зголеми свесноста за експлоатацијата на жените и девојките во Тајланд, опасностите со коишто се соочуваат, како и да им даде можност да ја раскажат и својата приказна.
„Целта ми е овие жени да се чувствуваат видено и слушнато, бидејќи верувам дека споделувањето на нашите приказни нам жените ни дава моќ.
Имам многу емпатија за жените кои се притиснати да работат во непредвидлива и на моменти небезбедна индустрија“.
Спирова С. | Црнобело