Очувот ја силувал кога била дете, користела дрога за да се справи со болката: Тажниот живот на богатата наследничка на Гучи
„Александра помина цел живот обидувајќи се да ги блокира сеќавањата од малтретирањето кое траеше целото нејзино детство.
Порасна во збунета и засрамена личност која не знае што да прави со тие емоции. Нејзината душа е скршена“, изјави адвокатот на Александра.
По нападите во детството, Александра минувала часови под туш, триејќи се со сапун додека кожата не ѝ се вцрви, со надеж дека ќе го отстрани валканото чувство од очувот.
Но мајка ѝ, наместо да разговара со неа за ова невообичаено однесување, само ја казнувала бидејќи трошела многу сапун и минувала многу време во бањата.
Имало и период кога си ја кубела косата, но била казнувана и за ова.
Истовремно, мајка ѝ ја терала да се однесува со очувот со љубов и почит.
Уште пострашно за Александра било кога забележала како очувот излегува од собата на сестра ѝ кога имала само четири години.
Адвокатскиот тим на Александра вели дека и нејзината помала сестра ја поминала истата тортура.
Денес Александра и сестра ѝ не зборуваат една со друга и имале несогласување околу тоа дали да се оди на суд. Сестра ѝ наводно не сакала да избие скандал за кој ќе зборува целиот свет.
Сепак, доаѓаат од богато и моќно семејство и целиот живот биле учени да си ја чуваат приватноста за себе.
Но, во 2007 година, не можејќи повеќе да издржи, Александра одлучила да го сподели своето страдање. Истата година, мајка ѝ побара развод од Џозеф.
„Нејзината мајка требаше да ја заштити, а не да ѝ вели да заборави дека се склучило нешто. Сето ова го растури семејството“, вели адвокатот на Александра.
Александра имала и друг проблем предизвикан од Џозеф – тој ја натерал да користи дрога, алкохол и седативи, а таа продолжила да ги употребува за да се справи со болката.
Еднаш и се предозирала и поминала извесен период на рехабилитација.
Александра вели дека овој период од животот сакала да се убие и ѝ требале долги години терапија за да може да функционира нормално.
За време на судењето беше истакнато и дека Џозеф одел во „клиника за педофили“, како и дека самиот признал дека има некаква болест.
Александра го почна судскиот процес во 2020 година и тогаш јавно се обрати за она што го трпела.
„Мајка ми и баба ми не ме заштитија, туку дозволија да се случи. Колку и да е тешко за мене, сметам дека имам должност да ги разоткријам недоразбирањата за сексуалното малтретирање деца и да ја зголемам свесноста дека секој ден, ние како општество не успеваме да ги заштитиме најранливите меѓу нас, нашите деца.
Ова не е нешто што им се случува само на други семејства или во други држави. Ова е сеприсутно. Кога јас бев малтретирана и сексуално напаѓана, немав никој кој ме штитеше.
Ова се случува пречесто. Луѓето кои гледаат настрана и кои не го спречуваат сексуалното насилство врз деца треба да одговараат“.
Првично Патриција, мајката на Александра, не верувала во изјавите на ќерка ѝ и сметала дека само сака да извлече пари од семејството.
Александра дури поднесе и тужба против мајка си бидејќи дозволувала насилството да се случи, но подоцна ја повлече.
По некое време Патриција ѝ покажа поддршка, но негираше дека таа е виновна на каков било начин.
„Многу жалам за болката што Џозеф Рафало ѝ ја предизвикал на Александра. Нема оправдување за она што ѝ го правел и бев скршена кога таа ми кажа сè во ординацијата на нашиот лекар во Лондон во 2007 година.
Веднаш почнав постапка за развод и го почнав процесот на лекување на моето семејство. Скршена сум и од обвиненијата против мене и баба ѝ на Александра, а кои не се точни“.
Денес Александра е активна во светот на модата со свој бренд, но истовремено води и организација чија цел е да се бори против сексуалното насилство врз деца.
Судењето за траумата што ја трпела од својот очув уште трае.
Прочитајте и: „Повеќе сакам да плачам во Ролс Ројс отколку да се смеам на велосипед“ – факти за Патриција Реџани, жената која го нарачала убиството на наследникот на Гучи
Спирова С. | Црнобело