50 луѓе спијат во иста ќелија, со глувци и лебарки: Бруталните услови во островскиот затвор во Њујорк
Затворот Rikers Island е лоциран на остров во Њујорк, а условите се толку лоши, што надлежните ветуваат дека ќе го затворат до 2027-ма. Повеќето затвореници не се воопшто осудени, туку чекаат судење за мали прекршоци, но сепак спијат во иста просторија со убијци и силувачи.

Најпознатиот затвор кој е во сопственост на САД несомнено е Гвантанамо кој е лоциран во Куба.
Но, Америка има уште еден, исто озлогласен затвор кој се наоѓа на нејзина територија – затворот Rikers Island кој е сместен на остров во градот Њујорк.
Нарекуван „пекол на Земјата“, па и „остров за измачување“, Rikers Island е место каде што биле затворани некои од најпознатите криминалци, како убиецот на Џон Ленон и Харви Вајнштајн, но и славни луѓе, како Тупак Шакур и басистот на Sex Pistols.
Се зборува дека овде затворениците спијат со едно отворено око бидејќи насилството е секојдневие.
За The Sun, Мишел Еванс, Американка која поминала 18 месеци во затворот, го споделува своето искуство.
Таа била затворена за физички напад, кој вели дека се случил во самоодбрана бидејќи пробувала да избега од насилен партнер.
Она што го преживеала во затворот, вели дека ѝ оставило последици за целиот живот.
„Би го опишала како пекол на Земјата. Ова е место од каде луѓето никогаш не излеваат исти – ако воопшто успеат да излезат бидејќи има многу смртни случаи. Понекогаш и јас мислев дека нема да излезам жива.
Сите мислевме дека ќе умреме. Престојот во затворот ми го промени животот“.
Поради бруталните услови во затворот, но и многуте смртни случаи (11 само од годинава), надлежните најавија дека најверојатно ќе го затворат до 2027 година.
Но, и покрај поголемиот број затвореници и неможноста да се решат проблемите, некои експерти сметаат дека затворот сепак ќе си продолжи со работа.