Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување
Не го прицврстувате ранецот
Без разлика дали седнувате во ресторан, на клупа или на скалила на некоја туристичка дестинација, мора да го прицврстите ранецот (или чантата) за нешто.
Протнете ја ногата низ прерамката, како на фотката подолу и со ова ќе му оневозможите на некој да го украде ранецот.

Ги чувате сите пари на едно место
Кога сте на патување, немојте никогаш да ги чувате сите пари на исто место.
Ако ставите сè во паричникот и ви го украдат (или го изгубите) ќе останете без ништо.
Секогаш распоредувајте ги на неколку места, а носете и одредена сума за итни случаи која инаку нема да ја трошите.
Ова важи и за копиите од личните документи – нема поента да ги чувате на исто место.

Носите вредни работи
Ако во странство сакате да се пофалите со скап накит или нешто што вреди многу, очекувајте дека ќе станете мета на крадци.
Нема потреба да ги ризикувате вредните предмети и да ги носите во друга држава.
Нема потреба ни да носите куп пари – добро испланирајте си ги трошоците и понесете ја соодветната сума, плус нешто екстра за секој случај.
Па, дури и да бидете ограбени, нема да изгубите многу.

Не сте внимателни на популарни места
Крадците се најактивни на најпопуларните дестинации, каде што има и многу луѓе.
Па, ако одите на место како Ајфеловата кула, Колосеумот во Рим, Акропол во Атина, бидете особено внимателни.
На ваквите места носете што е можно помалку пари, никакви вредни предмети како скап накит и применувајте ги сите трикови што ги спомнавме.

Спирова С. | Црнобело
