Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување
Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате наоколу.

Нешто неизбежно на секоја популарна туристичка дестинација се крадците.
Додека локалците можеби знаат како да се справат со нив, туристите секогаш се полесна мета бидејќи обично не ја познаваат областа добро, но и бидејќи не обрнуваат многу внимание бидејќи се фокусираат на разгледот.
Но, само една кражба може да ви го расипе целото патување, па дури и да ви создаде сериозен проблем ако останете без пасош и пари.
Седум грешки со кои само им ја олеснувате работата на крадците:
Не го заштитувате патентот на чантата
Кога сте фокусирани на разгледувањето на некоја дестинација, за крадците е навистина лесно да ви ја откопчаат чантата (или ранецот) и да ви ги украдат личните работи.
Лесно можете да го решите овој проблем со голема штипка за коса. Фатете го патентот со запците на штипката, па закачете ја на прерамката.
Ова колку-толку ќе го држи патентот во место, па и ако некој се обиде да го отвори, сигурно ќе ви го привлече вниманието, па ќе можете да реагирате.

Не го заштитувате телефонот
Прелесно е некој да ви го грабне телефонот од рака додека фотографирате и да истрча низ толпата.
А, телефонот сигурно ви е речиси постојано изваден кога сте на патување.
Најбезбедно ви е да си купите ремче за телефонот кое постојано ќе ви биде закачено за вратот или раката.
Па, некој и да проба да ви го грабне, нема да може да го земе.

Ги оставате важните предмети без надзор
Кога сте во друга држава, најважно е да го имате вашиот пасош, вашиот телефон и одредена сума пари. Па, најдобро ви е овие работи секогаш да бидат со вас.
Ако одите на плажа и знаете дека ќе нема кој да внимава на вашите предмети додека се бањате, тогаш скријте ги во апартманот или хотелската соба.
За да не се грижите дали некој ќе ви го земе телефонот од плажата, можете да си купите водоотпорна маска или некоја мала чанта, па да го носите со вас во вода.
Исто така, секогаш е добро да имате и копија од вашиот пасош, за секој случај, како и фотографија од него во телефонот.

