„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони во кеш“
„Во Јужна Америка имавме извор за кој се дозна дека соработува со нас. Го предупредивме да не оди во неговиот роден град. Но, тој отиде, со армија обезбедување.
Но, токму маж од неговото обезбедување го намести и го застрела. Потоа го прободија со копје, а на крај му го измелија телото во машина за дробење дрво“.

Мартин успешно спречил неколку операции за шверцување кокаин во САД и го „оштетил“ Пабло Ескобар за повеќе од милијарда долари.
Па, во 1991 година, решил дека е време да ја заврши „кариерата“ во картелот.
Иако имал сопруга и две деца, Мартин вели дека по само една година, повторно решил да ѝ се врати на опасната работа.

И, во 1992-ра, добил нов идентитет – овој пат перел пари во Порторико за картелот North Coast.
Многупати, Мартин бил во ситуација кога со автомобил пренесувал над два милиони долари кеш кои требало да ги испере.
Бил свесен за опасноста биејќи и самиот честопати сведочел на насилството од противничките картели.
„Еднаш начекав куп мртви тела од други разнесувачи на пари кои биле нападнати од противнички картели. Не се сеќавам на многу детали бидејќи преживеав така што пробував да ја игнорирам опасноста“.

Мартин вели дека би продолжил со работата, но неговите надлежни одлучиле дека е време да престане откако во близина на неговиот семеен дом експлодирал автомобил, а потоа и добивал закани од платен убиец.
Мартин открива дека во 1994 година, убиецот дошол во неговиот семеен дом и му вперил пиштол.

Агентот пробал да избега, убиецот го истрелал пиштолот, но го промашил. Сосед на Мартин ја чул вревата и повикал полиција.
Убиецот не бил фатен, а Мартин вели дека уште не знае кој стои зад нападот.
Дотогаш Ескобар веќе бил мртов, па се сомнева дека е лидерот на последниот картел за којшто работел.

Но, и ова ризикување на било бесполезно бидејќи со помош на Мартин, дури 52 членови на картелот биле уапсени и обвинети за перење пари и шверц на дрога.
Мартин работел на уште неколку операции, но не толку опасни, пред да се пензионира во 2011 година.

Сепак, истакнува дека толку долго го глумел ликот „Мени“, што му било тешко да се оддели од него.
„Бев тажен бидејќи Мени е лик што јас го создадов“.
Спирова С. | Црнобело
