„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување
Чудовиштето јети
Едно од најпознатите митолошки суштества во светот е јети – огромно чудовиште кое личи на човек и мајмун и наводно живее на Хималаите во Азија.
Легендата за јети почнала да се прославува во 1920-тите, кога група планинари биле на експедиција на Монт Еверест и наводно виделе отпечатоци од огромни стапала.
Потоа, во 1950-тите, планинар направил фотографија од сличен голем отпечаток на Монт Еверест и ова бил доволен доказ за јавноста.
Легендите за јети одамна постоеле во Азија, но овие „наоди“ само ги прославиле.
Низ годините, многу луѓе тврделе дека го виделе чудовиштето или дека нашле крзно и други остатоци.
Сепак, повеќето од овие приказни биле потврдени како лажни, а остатоците што биле наоѓани биле од мечки и други животи кои живееле во областа.
Кругови во жито направени од вонземјани
Уште една мистерија што сигурно ви го привлекла вниманието уште во детството.
Како што кажува името, појавата се однесува на совршено направени кругови кои почнале да се појавуваат низ полиња со жито во Англија.
Првите записи за вакви кругови се уште од 1600-тите, но тогаш не станувало збор за совршен круг, туку најверојатно кратер направен од метеор или друго небесно тело.
Модерните кругови во жито почнале да се појавуваат во втората половина на 20-тиот век.
Во доцните 1970-ти, круговите почнале да се појавуваат на полиња низ неколку локации во Англија и станувале сè покомплексни.
Бидејќи овој период доста популарни биле приказните со НЛО, за многумина круговите станале цврст доказ дека Земјата е посетена од вонземјани.
Но, во 1991 година, двајца Британци, Даг Бауер и Дејв Чорли, признаа дека од 1970-тите до тогаш, направиле над 200 кругови во полиња со жито, а користеле само јажиња и штици.
По нивното признание, интересот за круговите опадна, иако повремено уште се појавуваат во Англија, но и во други земји.
Сепак, веќе и оние кои веруваат во вонземјани сметаат дека сите се дело на луѓе, како двајцата Британци.
Спирова С. | Црнобело
