„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување

Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од вонземјани биле дело на двајца мажи кои признаа „вина“?

neresheni-misterii-koi-verojatno-imaat-nauchno-objasnuvanje-01.jpg

Мистериите и необјаснивите појави отсекогаш ги интригирале луѓето. И, кога немале логично или научно објаснување за нив, почнувале да веруваат во натприродни сили, чудовишта и посети од вонземјани.

Како што напреднува науката, сè повеќе вакви мистерии се решаваат. Но, и покрај научното објаснување, дел од нив продолжиле да „живеат“.

Четири популарни мистерии за кои има научно објаснување:

Бермудскиот триаголник

Ако во детството ве интересирале нерешени мистерии, сигурно уште тогаш сте налетале на онаа за Бермудскиот триаголник.

Бермудскиот триаголник е област во Атлантскиот Океан, помеѓу Флорида, Бермудите и Порторико.

Според урбаната легенда, овде исчезнале многу бродови и авиони под мистериозни околности.

neresheni-misterii-koi-verojatno-imaat-nauchno-objasnuvanje-02.jpg

Постојат секакви теории за наводното исчезнување на бродовите и авионите – од некаков природен феномен, па сè до вонземјанин и натприродни сили.

Но, и покрај верувањата, според статистиката, исчезнувањата на бродови и авиони во оваа област не се поголеми отколку во други делови на Атлантскиот Океан

Ова е област со густ воздушен и бродски сообраќај, а е подложна на бури и урагани, па можеби затоа делува како овде да исчезнуваат повеќе бродови и авиони.

Впрочем, оваа област не спаѓа ни меѓу 10-те најопасни места за пловење со брод.

neresheni-misterii-koi-verojatno-imaat-nauchno-objasnuvanje-03.JPG

Легендата за Анастасија

Во 2018 година, рускиот цар Николај Втори и неговото семејство биле убиени во кралската палата.

Но, според митот, телото на една од ќерките на царот – Анастасија – не било најдено.

neresheni-misterii-koi-verojatno-imaat-nauchno-objasnuvanje-04.JPG

Па, одовде потекнува приказната дека можеби избегала и преживеала.

За жал, телото на Анастасија сепак било најдено, но во одделен гроб, а со ДНК анализа бил потврден нејзиниот идентитет.

neresheni-misterii-koi-verojatno-imaat-nauchno-objasnuvanje-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg