Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото

Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка, луѓето биле навистина креативни во методите за утврдување бременост во минатото.

bizarni-metodi-za-utvrduvanje-bremenost-shto-se-koristele-vo-minatoto01.jpg

Покрај гинеколошките прегледи, денес имаме и домашни тестови за бременост кои се брзи и во голема мера точни.

Но, пред модерната медицина, жените користеле многу поразлични, некогаш и чудни методи за да утврдат рана бременост.

Секако го земале предвид менструалниот циклус, но доцнењето на менструацијата не секогаш е знак за бременост.

Па, какви методи користеле?

Проверување на бојата на гениталиите

Во 19-тиот век, лекарите верувале дека промената на бојата на женските гениталии е знак за бременост.

Според некои записи, оваа промена се јавувала уште при првите два месеца, па методот чест бил користен.

Во Древен Египет се користел лук

Еден од тестовите за бременост што ги користеле древните Египќани вклучува чешне лук.

Според најдените записи, жените ставале чешне лук во вагината. Ако наутро здивот им мирисал на лук, тоа значело дека не се бремени.

bizarni-metodi-za-utvrduvanje-bremenost-shto-se-koristele-vo-minatoto-02.JPG

Бизарен метод со стаорци

Во 1920-тите, двајца научници сфатиле дека хормоните во урината на бремена жена можат да имаат влијание и врз женските стаорци, односно нивните јајници.

Тестот за бременост вклучувал инјектирање на урината од жената во женски стаорец.

По неколку денови биле испитувани јајниците на стаорецот за промени кои наводно укажувале на бременост.

Анализа на урината

Иако медицината не била развиена како денес, во многу култури во минатото постоело знаењето дека бременоста предизвикува промени во урината на жените.

Па, постојат записи уште од древна Грција за анализирање на урината како тест за бременост.

Урината ја тестирале луѓе „обучени“ за тоа, кои барале какви било промени во боја, мирис и слично.

Во Средниот век, пак, имало и луѓе кои тврделе дека можат да ја предвидат иднината анализирајќи ја урината, па жените оделе кај нив и за да проверат дали се бремени.

bizarni-metodi-za-utvrduvanje-bremenost-shto-se-koristele-vo-minatoto-03.JPG

Мешање урина и вино

Околу 16-тиот век во Европа се користел и овој чуден метод.

Урината на жената била ставана во посебен сад со вино и промешувана. Потоа смесата била анализирана за промени.

Тест со пченица и јачмен

Ова е можеби најстариот метод за тестирање бременост кој е откриен досега и се користеле уште во древен Египет.

Жените попрскувале семе од јачмен или пченица со нивната урина и го оставале неколку денови.

Ако семето изртило, тоа било знак за бременост.

bizarni-metodi-za-utvrduvanje-bremenost-shto-se-koristele-vo-minatoto-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg