Ја сметале за жртва во нападот на „Близначките“ во 2001, но водела двоен живот: Мистериозното исчезнување на докторка од САД
Млада Американка исчезнала ден пред нападот на кулите „Близначки“ во 2001-ва. Надлежните првично мислеле дека загинала во нападот, но потоа откриле дека имала проблеми со алкохолизам и депресија, но и дека тајно посетувала геј клубови, иако била во брак. Што знаеме за едно од најмистериозните исчезнувања?

Докторката Снеха Ен Филип била вбројана меѓу жртвите во нападот на кулите „Близначки“ во Њујорк.
Надлежните претпоставиле дека како докторка, била повикана кога се случил нападот и тогаш загинала.
Но, проблемот е тоа што Снеха последен пат била забележана ден претходно, односно на 10-ти септември 2001 година.
Односно, додека да се случи нападот, таа веќе исчезнала.
Што знаеме а мистериозниот случај кој до денес останува нерешен?
Снеха и нејзиниот сопруг Рој живееле релативно блиску до кулите „Близначки“.
На 10-ти септември 2001 година, Снеха работела во нејзината градина, пишувала пораки со мајка ѝ, а потоа отишла во трговски центар кој бил во близина на нејзиниот дом, како и на „Близначките“.
Според снимките од безбедносните камери во трговскиот центар, Снеха купила фустан, долна облека, постелнина и чевли. И, овие снимки се последната трага од неа.
Таа не се вратила дома вечерта, но ни следниот ден.
Снеха имала навика да излегува до доцна, а потоа да преспие кај некој член од семејството, па затоа и нејзиниот сопруг не се загрижил.
Но, штом се случил нападот на 11-ти септември, Рон испаничил и почнал да ја бара сопругата.
Од членовите на семејството и пријателите, никој немал слушнато за неа.
Полицијата прво се сомневала сопругот Рон, а потоа сметале дека Снеха веројатно загинала во нападот.
Но, надлежните немале никаков доказ дека Снеха била таму на денот на нападот.
Кога почнале да го истражуваат нејзиниот приватен живот, сфатиле дека има низа мистерии и нелогични работи.