Ја сметале за жртва во нападот на „Близначките“ во 2001, но водела двоен живот: Мистериозното исчезнување на докторка од САД
Семејството на Снеха тврдело дека таа немала никакви проблеми со дрога или алкохол, ниту дека страдала од депресија или нешто слично.
Па, ова се детали што можеле да бидат исклучени од истрагата.
Сепак, полицијата открила дека голем дел од ова не било вистина.
Снеха била лекар стажант, но договорот не ѝ бил продолжен бидејќи често доцнела, но и имала проблеми со алкохол.
Потоа работела во друга болница, но ја изгубила и оваа позиција. Имено, Снеха одела на советувалиште за злоупотреба на супстанции, но ја избркале од работа бидејќи честопати ги прескокнувала средбите.
Според неколку извештаи, тоа што Снеха честопати не се враќала дома до доцна создавало проблеми во нејзиниот брак со Рон.
Наводно, тој многупати ја барал по дискотеки, па и геј барови бидејќи не му кажувала каде оди.
Во еден полициски извештај било наведено и дека брат ѝ Џон ја затекнал додека има односи со жена, кратко пред да исчезне.
Снеха имала поминато една вечер во затвор поради тепачка во бар, а била обвинета и за поднесување лажна жалба против колега.
Сепак, и покрај сите наоди, нејзиното семејство и сопругот останувале на ставот дека Снеха немала толку сериозни проблеми.
Нејзиниот брат дури и тврдел дека полицијата ја измислила приказната дека ја затекнал со друга жена.
Според нејзиното семејство, Снеха немала проблеми со алкохолизам и единствено страдала од депресија, но до исчезнувањето веќе била во многу подобра состојба.
Сопругот Рон, пак, негирал дека неговата жена излегувала по геј барови, но во интервју сепак изјавил:
„Дури и кога би ги правела сите овие работи, тие не објаснуваат што точно ѝ се случило“.
По истрагата на полицијата, Снеха била тргната од листата со жртви на нападот на 11-ти септември и било наведено дека починала претходниот ден, на 10-ти.
Но, нејзиното семејство не се откажувало и по долга борба, во 2008 година, Снеха повторно била вбројана меѓу жртвите во нападот на 11-ти.
Но, колку е тоа вистина, останува мистерија.
Сопругот Рон најмил и приватен детектив кој не успеал да открие ништо.
Тој ја претставил теоријата дека Снеха можеби самата избегала за да почне нов живот. Но, сите нејзини документи, како пасош и лична карта, биле оставени дома и немало знаци дека планира да си оди.
Според друга теорија, Снеха можеби е убиена ноќта пред нападот на кулите „Близначки“ или дека можеби извршила самоубиство. Но, нема никакви докази за ништо од ова.
Во нападот на 11-ти септември, животот го загубија околу 2.900 лица.
Но, на голем дел од жртвите уште не се идентификувани останките бидејќи било речиси невозможно да се собере ДНК материјал од урнатините.
Сепак, како што технологија напреднува, се идентификуваат и други жртви, па семејството на Снеха се надева дека ќе го најдат нејзиното тело.
Спирова С. | Црнобело