Страдала од депресија, син ѝ ја убил во самоодбрана: Трагичната судбина на актерката Сузан Кабот
Последните години од животот, Сузан Кабот ги поминала во изолација, живеејќи со својот син. Една ноќ, кога состојбата значително ѝ се влошила, таа го нападнала син ѝ, а тој, во самоодбрана, ја убил…

Во 1950-тите, актерката Сузан Кабот беше меѓу најголемите холивудски ѕвезди.
Иако извесен период направи пауза од филмската кариера и се фокусираше на театарот, сепак остави белег во индустријата.
Но, по својот камбек во Холивуд, нејзината кариера не траеше долго. Последните две децении од животот ги помина главно изолирана, борејќи се со депресија, самоубиствени мисли и низа фобии.
Сузан имаше и дете со џуџест раст – синот Тимоти, кој во самоодбрана ја уби.
Детали за тажниот живот на Сузан Кабот:
Детството на Сузан било далеку од убаво. Родена во 1927-ма во Бостон, Сузан останала без родители уште на многу рана возраст.
Татко ѝ го напуштил семејството, додека мајка ѝ завршила во ментална установа поради сериозни проблеми со менталното здравје.
Детството го поминала во најмалку 10 различни сиропиталишта, а наводно била и жртва на сексуален напад.
Додека била во средно училиште, Сузан живеела во Њујорк и токму овде првпат се појавила во филм, како статист.
Нејзиниот талент брзо бил забележан, па до 1950-та потпишала договор со Universal Studios и почнала да нижи успеси.
Додека уживала во холивудскиот гламур, во 1959 година, Сузан била контактирана од ЦИА за несекојдневна задача.
Истата година, во Лос Анџелес пристигнал кралот Хусеин од Јордан.
Тогаш 24-годишниот крал посакал „женско друштво“, па од ЦИА ја поканиле Сузан на забава за да го запознае.
Сузан им ставила до знаење дека не планира да спие со него, но дека би сакала да оди на забавата.
И, наводно, кога го запознала, веднаш ѝ се допаднал.
Според извештај на ЦИА, Сузан мислела дека кралот е многу шармантен, а симпатиите биле обострани.
Наводно, потоа имале уште една средба во Њујорк, по што почна да се шпекулира се заедно. Но, ја криеле врската од јавноста.
Според гласините, тие биле заедно седум години, а во 1964-та Сузан добила и дете од кралот – Тимоти Смит.
Иако, не е потврдено дека Тимоти навистина е син на кралот.
Детето било предвреме родено, со низа здравствени проблеми, вклучувајќи и џуџест раст.
Па, Сузан му давала експериментална терапија со хормони за растење која може да предизвика невролошко оштетување.
Како што минувало времето, Сузан почнала сè повеќе да се изолира.
Домот ѝ бил хаотичен, а на својот психијатар му кажала дека е многу депресивна.
Иако заработила многу како актерка, Сузан постојано се плашела дека со син ѝ ќе останат без пари и без дом.
Според психијатарот, Сузан дури сакала и да си го одземе животот, но не сакала да го остави син ѝ сам:
„Рече дека е жива само поради нејзиниот син. Слушнав тон во нејзиниот глас што го немав слушнато претходно Ми рече ’Изморена сум, сакам да си одам и да не беше Тимоти, ќе си одев‘“.
Состојбата на Сузан само се влошувала, за кон крајот на 1986 година, ситуацијата да ескалира.
Ноќта на 10-ти декември, во домот на Сузан била повикана полиција. Полицајците ја затекнале 59-годишната актерка мртва и целата облеана со крв.
Нејзиниот 22-годишен син им кажал на полицајците дека во домот влегол крадец кој ја убил мајка му, го нападнал него и украл 70.000 долари.
Но, доказите не ја потврдувале приказната на Тимоти и на крај тој признал дека ја убил.
Според сведоштвото на Тимоти, мајка му го нападнала со метална шипка и тој пробал да се одбрани.
На судењето, Тимоти сведочеше дека ноќта кога умрела, Сузан била во делириум, си зборувала сама со себе, ја барала мајка си и не го препознавала син ѝ.
Кога тој пробал да побара помош, Сузан го удрила со металната шипка.
Тимоти успеал да ѝ ја земе од раката и вели дека не се сеќава кога ја удрил, туку само сакал да илезе од собата.
Неговиот адвокатски тим тврдеше дека Тимоти изреагирал агресивно поради хормоналната терапија што му ја давала Сузан. Исто така, истакнале дека живеењето со психички нестабилна личност како Сузан е екстремно стресно.
На крај, Тимоти беше осуден за убиство од небрежност и добри тригодишна условна казна.
Спирова С. | Црнобело
