Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи

Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржете се од објавување ако сте испиле некоја чашка повеќе.

bonton-pravila-shto-mora-da-gi-sledite-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Над пет милијарди луѓе ширум светот користат социјални мрежи и денес тие се неизоставен дел од нашите животи.

Иако се сеприсутни, факт е дека многу луѓе не обрнуваат внимание на своите манири онлајн. Мислат дека ако се „скриени“ зад тастатура, можат да кажат и да прават што и да посакаат.

Сепак, она што го правите онлајн многу се одразува врз впечатокот што другите луѓе го имаат за вас.

Што значи, дури и онлајн мора да следиме некои правила за однесување.

Бонтон правила за социјални мрежи кои не треба да ги прекршите:

Не кажувајте работи што не би ги кажале во живо

Некогаш луѓето како да не се свесни дека и кога се онлајн, сепак комуницираат со други луѓе, па кажуваат сешто.

Само затоа што ѝ пишувате на личност што не ја знаете во живо, не значи дека треба да ја покажете вашата најлоша страна.

Никогаш немојте да коментирате и да пишувате работи кои не би се осмелиле да ги кажете во живо.

Не се расправајте со „тролови“

Таканаречените тролови се луѓе кои намерно почнуваат караници онлајн, со провокативни, некогаш и навредливи коментари или објави.

Доста често се кријат зад лажни профили и целта им е да го поттикнат гневот кај другите за да ги натераат да коментираат.

Најдобро е да ги избегнувате ваквите објави и да не се расправате во коментари бидејќи сите може да прочитаат што сте напишале.

bonton-pravila-shto-mora-da-gi-sledite-na-socijalnite-mrezhi-08.JPG

Немојте да го користите личниот профил за работа

Ако вашата професија бара да сте активни на социјалните мрежи, секогаш е подобро да имате два профила – еден за работа и еден приватен.

Она што го објавувате на профилот што го користите за работа има огромно влијание врз вашата професионална репутација, па бидете внимателни.

Не додавајте во пријатели луѓе што не ги познавате

Кога социјалните мрежи беа релативно нови, повеќето имаа навика да праќаат покани за пријателство на луѓето не ги познаваат.

Но, сега ситуација е подруга и ако испратите покана за пријателство на личност која не ја познавате, може да делувате и малку морничаво.

Нормално, ова не важи за јавни личности, како инфлуенсери со многу следбеници. Но, ако некој има затворен профил немојте да го додавате доколку не го познавате личност.

bonton-pravila-shto-mora-da-gi-sledite-na-socijalnite-mrezhi-04.JPG

Избегнувајте да користите социјални мрежи кога сте гневни

На повеќето им е тешко да ги контролираат своите зборови кога се гневни.

Социјалните мрежи, пак, навистина дават простор да кажете сè и сешто и создаваат илузија дека нема никакви последици.

Но, вашите пораки, коментари и објави сепак ги гледаат и други и затоа е најдобро да се држите настана од социјални мрежи кога сте гневни.

Внимавајте од што правите „скриншот“

Кога се допишувате со некој, вашиот соговорник тргнува од претпоставката дека разговорот е меѓу вас двајца.

Затоа, воопшто не е во ред да правите скриншот од разговорот и потоа да го праќате на други, без дозвола на соговорникот.

Ова важи и за мејлови и пораки поврзани со работа.

bonton-pravila-shto-mora-da-gi-sledite-na-socijalnite-mrezhi-7.JPG

Не објавувајте туѓи фотографии без дозвола

Секојпат прашувајте пред да објавите фотографија со некој друг, без разлика што сте се фотографирале заедно.

Ако објавувате без дозвола, тогаш ја нарушувате приватноста на другите, а веројатно ни самите не би сакале да се најдете во таква положба.

Не верувајте во сè што читате на социјалните мрежи

Кога луѓето ќе видат нешто што ги интересира, без двоумење го споделуваат со блиските или на своите профили.

Токму поради ова, социјалните мрежи станаа дувло за лажни вести.

Секојпат кога ќе налетате на некоја информација онлајн, проверувајте ја самите – доволно е да направите само едно гугл пребарување.

bonton-pravila-shto-mora-da-gi-sledite-na-socijalnite-mrezhi-02.JPG

Не објавувајте ништо кога сте под дејство на алкохол

Ако сте испиле некоја пијачка повеќе, воздржете се од објавување фотографии, статуси или пишување коментари.

Во тој момент можеби не сте свесни, но секогаш постои можност следното утро да се каете.

А, дотогаш веќе може да биде доцна бидејќи многу луѓе ќе ја видат објавата.

Не мора да споделувате сè онлајн

Социјалните мрежи ни даваат платформа да го споделиме своето мислење.

Но, како што не ја кажуваме секоја мисла на глас, нема потреба ни да ја споделиме секоја мисла онлајн.

Добро размислете пред да напишете нешто онлајн бидејќи доволно е само една личност да направи скриншот, па она што сте го кажале да ве прогонува и откако ќе ја избришете објавата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg