Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмското бегство со мотоцикл?
Адвокатот на Ел Чапо вели дека генерално живее во ужасни услови.
„Не му дозволуваат контакт со семејството, а нема ни пристап до експерти за ментално здравје кои зборуваат шпански.
Нема пристап ни до едукативни програми и материјали кои ќе му помогнат да научи англиски“.
Со децении, Ел Чапо беше на чело на еден од најмоќните и најозлогласените картели во светот.
Шверцуваше огромни количества кокаин, марихуана, хероин и метамфетамин на неколку континенти. Најголем дел од дрогата ја добиваше од САД, и тоа преку мрежа тунели.
Извесен период, Forbes го вбројуваше Ел Чапо меѓу најбогатите луѓе на земјата.
Покрај трговијата со дрога, Ел Чапо беше познат и како немилосрден убиец кој ги убиваше своите ривали и се претпоставува дека е одговорен за смртта на над 30.000 лица.
Во 2001 година, Ел Чапо стана народен херој во Мексико откако избега од затвор.
По 13 години, повторно беше фатен, за во 2015-та, да изведе уште едно бегство, како на филм.
Сепак, беше фатен по само шест месеци.
Сега, неговиот адвокат вели дека го минува времето осамен во својата ќелија.
Неколку часа неделно му дозволуваат да ја напушти ќелијата за да вежба, но и тогаш е сам.
Обично читал и гледал серии што му се достапни во затворот.
„Го нема видено сонцето. Не го почувствувал сонцето со години“, вели адвокатот.
Прочитајте и: Избега од затвор преку тунел, при апсењето на син му загинаа 29 лица: Како Ел Чапо стана најмоќниот нарко-бос во светот?
Спирова С. | Црнобело